Работни средби помеѓу граѓанските организации и деловниот секторПрвата детска амбасада во светот – Меѓаши, во соработка со Центарот за институционален развој – ЦИРа, ја спроведуваше активноста “Соработка со деловниот секторот“, чија главна цел беше поефективна кооперација помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот.
Впрочем, беа оддржани две работни средби, во Скопје и Припеп, кои опфаќаа интерактивни дејности со цел запознавање на бизнис секторот со активностите на граѓанските здруженија, придобивките на донирањето и спонзорството на некоја граѓанска организација, како и дискусија за Законот за донации и спонзорства на јавните дејности, неговите значајности и развојот на филантропијата во Република Македонија.
Работната средба во Скопје беше оддржана на 19.12.2007, а во Прилеп на 21.12.2007. На средбите двата сектори беа распоредени да седнат во измешан состав, при што секој присутен требаше да се претстави себеси, како и фирмата/организацијата од каде што доаѓа. Потоа следеше дебата која траеше три часа, при што се поставуваа многу прашања и дилеми поврзани со донациите и спонзорствата.
Главниот заклучок кои се извлече од средбите беше дека двата сектори, а пред се бизнис секторот, се недоволно запознаени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, што бара и поефективна промоцијата на истиот.
|
|