Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Промоции на изданија во рамките на проектот “Поддршка на националниот граѓански форум/платформа”Промоција на позитивни примери на граѓанското опшетство во Македонија

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши го спроведуваше проектот “Промоција на позитивни примери на граѓанското опшетство во Македонија“ со цел зголемување на одржливиот развој на граѓанските организации во Република Македонија и подобрување на нивниот имиџ, како и подобрување на видливоста на резултатите од работата на граѓанските организации преку публикување на нивните најуспешни активности.


Имено, беа публикувани 40 најдобри практики од граѓанското општество и истите беа промовирани во две изданија. Промоциите беа одржани во Скопје и Прилеп, како и за време на 6-от НВО саем. Во јануари се одржа уште една промоција заедно со другите едиции од оваа програма. Публикациите беа дистрибуирани и до владините институции, граѓанските организации, пратениците и министерствата на РМ, амбасадите, локалната самоуправа, бизнис секторот и медиумите.

Промоција на годишен билтен на Граѓанската платформа на Македонија

Во рамките на активноста “Заедно за транспаретност“, се оддржа промоција на Годишниот билтен на ГПМ.

Имено, тематскиот комитет за делотворност и имиџ на ГПМ даде предлог содржина на годишниот билтен, кој подоцна беше прифатен и надополнет од програмскиот одбор. Истиот опфаќа лична карта на сите 29 членки на ГПМ, опис на некоја нивна важна активност спроведена во периодот мај 2006 – декември 2007, финансиски извештај на ГПМ, основни податоци за ГПМ, како и претставување на четирите компоненти и нивните активности од програмата на ГПМ за 2006-2007.

Годишниот билтен на Граѓанската платформа на Македонија беше промовиран на 21.01.2008 година, а промотори беа м-р Драги Змијанац , Горан Величковски и Сашо Клековски

Промоција на Водичот за волонтирање

Главен исход на проектот “Промоција на волонтеризмот“ е публикацијата на Водич за волонтирање, како и негова промоција низ универзитетите на Република Македонија.

Имено, на 30 октомври 2007 беше одржана првата промоција на водичот за волонтирање на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово. Додека пак во почетокот на месец ноември oдржани се уште три наредни промоции, и тоа на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и во Штип, како и на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола. Финалната промоција беше одржана на НВО саемот на 16 ноември 2007. Промоциите се одржуваа пред се на студенти, на кои воедно бесплатно им се дели примерок од водичот на македонски и на албански јазик. За секоја промоција се обезбедени повеќе од    3 000 примероци кои воедно се делат и пред факултетите од страна на волонтери. 

            Со овој водич сакаме волонтирањето да го направиме повидливо, да го зголемиме нивото на информираност, да ја подигнеме јавната свест за значењето и важноста на волонтерската пракса и да отвориме нови можности за волонтирањето. Се надеваме дека ќе биде практична алатка за младите и студентите, дека ќе помогне во изнаоѓање на форми за сопствена партиципација во граѓанското општество и во процесот на донесување промени, како и во корисно структуирање на слободното време, стекнување на знаења и работни вештини.

Промоција на Водичот за примена на Законот за донации и спонзорства и други даночни закони

Во рамките на активноста “Соработка со деловниот секторот“ издадена е уште една публикација од Детската амбасада- Водич за примена на Законот за донации и спонзорства и други даночни закони, кој им користи на сите граѓански здруженија во обезбедување на нивните активности кои се од јавен интерес, потврдени од страна на Министерството за правда. Прирачникот има и осврт кон процесот на склучување договор за донација со бизнис партнери, како и препораки за неговата практична примена. Истиот опфаќа и неколку други даночни закони потребни на граѓанските организации, како данокот на добивка, данокот на додадена вредност, данокот на наследство и подарок и странските донации.

Промоцијата на Водичот за примена на ЗДСЈД и други даночни закони се оддржа на 21.01.2008 година во Хотел Континентал.