Oбезбеден 6.121 шампон за децата сместени во детски домови и други институцииПрвата детска амбасада во светот- Меѓаши во партнерство со Nelt ST Procter and Gamble на 14 февруари (четврток) организираше акција за дарување 6.121 шампон. Шампоните беа дарувани нa:
20 деца од Дневниот центар за деца на улица кој функционира во рамките на Детската амбасада; 270 деца од Дневниот центар за деца на улица во Кисела Вода; 25 деца од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари; 27 деца од Завод за згрижување, воспитание и образование на деца и млади “Ранка Милановиќ”; 50 деца од Јавна установа за деца со воспитно –социјални проблеми; 112 деца од СОС Детското село; 87 деца од Детски дом “11 Октомври”; 11 деца кои престојуваа во Прифалиштето за деца во кризна состојба при Детската амбасада 2001-2007 година; 25 деца од Воспитно-поправниот дом; 107 деца од Детските работилници во Детската амбасада-Меѓаши; 6 деца од Македонски центар за женски права-Шелтер центар. Станува збор за донација на Пантен шампони кои имаат рок на траење од септември 2008 до февруари 2009, а вкупниот износ на донацијата е 856.821,00 денари.
|