Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Собирање средства од домашни извори за поддршка на Дневниот центар за деца на улицаДетската амбасада има поставено касички за донација од страна на граѓаните низ цела Македонија. Најново е тоа што има нови 20 касички кои што се обезбедени преку проектот „Собирање средства за работа на Дневниот центар за деца на улица“ во соработка со ЦИРа, финансиран од USAID. Новите касички се поставени во: Хотел Александар Палас, Нептун –Стадион, Стопанска Банка - ГТЦ, Стопанска Банка – Јане Сандански, Аеродром Александар Македонски, Тедико – Аеродром, Tinex – Ѓорче Петров 2, ТЦ Ramstore, Нептун – Ramstore, Tinex – Хром, Tinex – Првомајска,  Chicco – Центар, Tinex – Државна, Тедико – Влае,  Окаиди – Плоштад, Хотел Арка.

Во периодот од ноември и декември 2007 до јануари 2008 год. граѓаните во касичките дарувале вкупно 103.307,00 денари. СП Маркет – 9.664,00, MaxiD – 4.588,00,  Нептун- 11.555,00 , Окаиди – 1.500,00 , ТЦ  Ramstore – 11.583,00 , Стопанска Банка – 7.870,00 , Техномаркет – 2.208,00 , Аеродром Александар Македонски – 2.956,00 , Хотел Stone Bridge – 3.651,00 , Tinex – 23.060,00 , Unique – 2.131,00 и останатите 8 места има вкупно 22.541,00 денари.Отворањето и броењето на касичките се одвиваше во присуство на тричлена комисија , во чиј состав влегуваат: Јана Поповска, Марина Димитровска, Мери Наумова Давчевска, Христина Георгиевска, Ѓурѓица Петрушавска и Борче Стојановски.


Исто така амбасадата во соработка со печатницата Југосреклам изработи лифлети кои што беа предвидени со проектот „Собирање средства од домашни извори за поддршка на Дневниот центар за деца на улица“. Содржината на лифлетите се содржи во тоа што сакаме  да ги информираме граѓаните за тоа колку деца се на улица, колку деца не одат во училиште, како и да ги известиме дека Првата детска амбасада во светот – Меѓаши отвори Дневен центар за деца на улица кој што го посетуваат 20 деца. Тие деца се од населба Аеродром и Ново лисиче. Го посетуваат три пати неделно (понеделник, среда и петок) добиваат чиста облека, се бањаат како и добиваат топол оброк и се едуцираат. Целта за изработка на  лифлетите ни беше да ги информираме граѓаните дека секоја нивна донација детската амбасада ја намени за работа на Дневниот центар за деца на улица.

 Им благодариме на граѓаните што со секоја нивна донација во касичките, ја покажаа нивната желба да ја поддржат работата на Дневниот центар за деца на улица.