Донација на чоколади од ВитаминкаА.Д. Витаминка од Прилеп ја поддржа промоцијата на Детската амбасада Меѓаши за време на 6-от Саем за НВО преку донација на 10 000 чоколади. На чоколадите имаше одрезок на кој покрај информациите за Витаминака, стоеше логото на Детската амбасада како и бесплатниот телефонски број за деца и млади 0800 1 2222. Чоколадите пред се беа наменети за децата членови на Детските работилници и Дневниот центар за деца на улица кои функционираат во рамките на Детската амбасада, но и за сите посетители на нашиот штанд на Саемот.
|
|