Првата Детска амбасада во светот - Меѓаши Република Македонија стана дел од големото семејство на European Children’s Network-EURONETНа 13 декември 2007 година Детската амбасада-Меѓаши стана дел од големото семејство на European Children’s Network-EURONET како Придружна членка. ЕУРОНЕТ е коалиција на мрежи и организации кои се заложуваат за детските права и интереси. До сега 34 граѓански организации се членки на оваа коалиција, но сите потекнуваат од земји кои се во Европската Унија. Детската амбасада е првата организација која стана членка на EURONET, а е од земја која не е членка на ЕУ.
Активностите на EURONET се засноваат на неколку принципи кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето од 1989 година. За повеќе информации посетете ја страната www.europeanchildrensnetwork.eu
|