Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Детето-сведок која бара посебна грижа
Во периодот ноември - февруари продолжија активностите поврзани со проектот “Детето-сведок која бара посебна грижа”. Се направи адаптацијата на постерот “Почитуван суде, се плашам” и брошурата “Јас одам во суд” и се очекува во март да бидат испечатени. Постерот и брошурата ќе бидат дистрибуирани до судовите и полициските станици бидејќи се наменети токму за професионалците кои работат со деца сведоци.

Во спроведувањето на проектот добиена е поддршка од Министерството за внатрешни работи, Министерство за правда и Здружение на судии.

За повеќе информации посетете ја страната www.canee.net. 
 
Конференција во Рига
 
Во периодот од 8-10 ноември во Рига се оддржа Конференција на тема “Децата учесници во законските процедури во Источна Европа”. На Конференцијата имаше учесници од 8 земји меѓу кои и четворица претставници од Македонија: Воскре Наумоска-Програм Асистентка во Детската амбасада, Славе Николовски- Координатор на бесплатна правна служба во Детската амбасада, Василка Божиновска-Судија за малолетници во Основен Суд Скопје 1 и Злата Јанчоска-Социјален работник во Меѓуопштински центар за социјална работа.

Целата на Конференцијата беше презентирање техники и методи со цел подигнување на свеста за потребата од посебна заштита на децата кои се учесници во законските процедури, промоција на child-friendly интервјуто како и други нови пристапи во работата со децата сведоци.

 

      Конференција во Лисабон

На 11-та Регионална Европска Конференција на ISPCAN (International Society for Prevention of Child Abuse and Neglect) која се оддржа од 18-21 ноември во Лисабон учествуваше Воскре Наумоска-Програм Асистентка во Детската амбасада-Меѓаши.

Темата на Конференцијата беше “Превенција од злоупотреба и запоставување на децата-улогата на заедницата, семејствата и професионалците”, а учеството на Конференцијата беше дел од активностите во рамките на проектот”Детето сведок која бара посебна грижа”. 

      Интернационална супервизија

На 15-ти јануари во просториите на Стопанска Комора се оддржа еднодневна работилница на тема “Интервјуирање деца сведоци” со Марија Келер Хамела, детски психилог, интернационален експерт за интервјуирање деца сведоци.

Цел на работилницата беше да се разменат искуства и да се добијат нови знења и пристапи во интервјуирањето деца сведоци. Како учесници на оваа работилница беа истражни судии кои интервјуираат деца сведоци, но и полициски инспектори кои се занимаваат со истата проблематика.

Во прилог следи изјавата, на стручниот соработник на Детската амбасада за овој проект, која е дел од сторијата за настанот објавена во Утрински Весник:

“Василка Божиновска, судија во Основниот суд Скопје 1 со долгогодишна практика во работата со деца- жртви, сведоци или сторители на кривични дела, вели дека секој судија не може да работи со малолетници. Со нив треба да се постапува крајно внимателно за да не дојде до нарушување на психофизичкиот развој и личноста на детето. „Министерството за правда треба да размисли во судовите да се вработат социолози, психолози, дефектолози, па и лица со друга специјалност кога се во прашање децата. Затоа сметам дека се доцни со подготовките за примена на Законот за малолетничка правда“, потенцира Божиновска.”