Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29


"Заедно за транспаретност" по четврт пат

Со цел да се даде придонес кон транспарентноста на работата на граѓанските организации, група граѓански организации, 7 членки на Граѓанската Платформа на Македонија (ГПМ) и оваа година (по четврт пат) одлучија да ги објават своите годишните извештаи, вклучувајќи ги финансиските извештаи заедно со независните ревизорски мислења.

 

Организации кои што се пријавија за активноста Заедно за транспарентност се следниве: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Пост полио група за подршка Полио плус, Македонска развојна фондација за претпријатијата (МРФП), Првата детска амбасада во светот – Меѓаши (ПДАСМ), Ромска организација на жените од Македонија (Даја), Сојузот на организации на жени во Македонија (СОЖМ) и Центар за институционален развој (ЦИРа.)

Активноста Заедно за транспарентност е дел од проектот “Поддршка на национален форум/платформа за граѓанско општество” финансиран од ЕУ и раководен од ЕАР, а се спроведува со финансиско учество на сите организации кои се вклучија во оваа активност.

Годишните извештаи ќе бидат објавени на 01.09.2007 год.во дневните весници Дневник и Факти.

Годишните извешати мозеда се пресемат и на:

www.gpm.net.mk

www.mango.org.mk

www.graganskisvet.org.mk

исвештајот на Меѓаши може да го преземете тука