Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.29


Отворање Дневен центар за деца на улица

На 13 јули потпишавме договор за соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија во спроведувањето на проектот Социјална заштита на децата на улица кој подразбира отворање Дневен центар за деца на улица.

 

На почетокот на септември 35 деца од т.н. Картон маало и Кланица ќе почнат да го посетуваат Дневниот центар каде ќе можат да се бањаат, добијат чиста облека, ужина и ќе присуствуваат на работилници за развој на социјални вештини и интерактини работилници за правата на децата преку игра и забава. Веќе е воспоставен контактот со децата и нивните семејства и информирани се за активностите на Центарот. За оние семејства кои имаат проблеми со регистрирање на децата во матичната книга, во тек е процедурата за решавање на тој проблем. Покрај овие активности ние ќе се обидеме да ги мотивираме родителите да ги вклучат децата во образование, но и поддршка за надминување на проблемите во училиште за децата кои веќе го посетуваат.

За спроведување на активностите веќе се оддржани состаноци за соработка со Дневниот центар за деца на улица од Кисела Вода, Здружението за заштита на правата на децата, НВО Сончогледи, МВР-полициска станица Ново Лисиче, училиштата во општина Аеродром, ОБСЕ и Општина Аеродром.

Дневниот центар покрај финансиската поддршка од Министерството за труд и социјална политика и просторот даден на Меѓаши на користење без надомест од Министерството за одбрана, доби поддршка и од СП Маркет, ВИВА сокови и Генел.

Во врска со потребите на Дневниот центар, односно потребите на децата кои ќе го посетуваат, ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да земат учество во собирната акција за учебници и школски прибор.