Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


Започнаа со работа две нови работилници.
 

Со раѓањето на пролетта и во Детските работилници изникнаа нови цветови. Започнаа со работа две нови работилници. Работилницата по француски јазик и една нова работилница со многу интересно име Литературно - драмска - бон тон.
И двете работилници ги водеше волонтерката Еми.

Работилницата по француски јазик ја посетуваа група деца од шесто и седмо одделение, каде го утврдуваа материјалот од училишната наставна програм, повторуваа и утврдуваа веќе познати содржини и учеа нови. Меѓу другото, другаруваа и се забавуваа со едукативни игри на француски јазик. Работилницата се одвиваше во саботите од 16:00 до 17:30 часот.

 Работилницата која ја нарековме Литературно - драмска - бон тон, самата по себе има многу претенциозно име, но претставуваше можност за реализација на повеќе уметности во едно. Тука децата секој час имаа една тема на обработка, како наслов водител на часот и истата ја обработуваа на три начина. Во првиот дел, се работеше однесување, ако на пример темата е на роденден , во вториот дел глумеа, а во третиот дел од часот пишуваа. Спојот на етиката, глумата и прозата или напишаниот текст, претставуваше можност децата да покажат различни манифестации и доживувања со кои се создаваше вистинска детска креација и што е најважно видливо задоволство на нивните лица, кое зрачеше со широка насмевка.

Во периодот март -  мај, покрај редовните активности имавме и  вонредни активности, меѓу кои се следниве случувања:

Март - посета на клубот каде децата членови и нивните родители како и вработените од Детската амбасада имаа можност да се запознаат со екстремниот спорт - вештачка карпа.


Април - посета на клубот   каде децата членови и нивните родители како и вработените од Детската амбасада имаа можност да се запознаат со спортот бадминтон.

Мај - по повод 15 годишнината на Детската амбасада, во свечената програма учествуваа и децата членови на Детските работилници со четири работилници по применета уметност и оригами.  

Мај - децата членови на работилниците За допишување и Литературно драмска, беа гости на промоциите на новите албуми на пејачите Јован Јованов и Ноне.     

Детските работилници завршија со своите активности на крајот на месец мај.

Доделувањето на дипломите ќе го реализираме со пригодна програма на крајот од месец јуни.