Тренинг на тема: Соочување со минатото
Како продолжување на досегашните активности на нашата организација со мултиетничките клубови во 5те средни училишта (ДСУ “Никола Карев”, ДСУ “Цветан Димов” и ДСМУ “Д-р Панче Караѓозев” од Скопје, ДСМУ “Никола Штеин” од Тетово и ДСУ “Наце Буѓони” од Куманово), организиравме тренинг на тема “Соочување со минатото” од 16. 02. до 18.02.2007 во хотел Климетица - Охрид, наменет за средношколци/ки мотивирани за вклучување во активности за градење на мирот, заштитата на човековите права, еднаквост помеѓу половите, поврзување на различни етнички групи како и зацврстување на нивното меѓусебно разбирање и доверба.
На тренингот учествуваа 20 средношколци/ки од 5 те мултиетнички клубови, групата беше полово и етнички балансирана. Исто така, во неформалниот дел земаа учество 2 професорки кои веќе 4 години се вклучени во Програмата за ненасилна разработка на конфликти спроведувана од Првата детска амбасада во светот.
Целта на тренингот беше да влијаеме на развивање на меѓуетничкиот дијалог и меѓусебната доверба и комуникација; развивање на свеста кај учесниците и учесничките за човековите права преку развивање на свеста за правата на малцинствата и правото на различност; развивање на сензибилитетот на учесниците и учесничките за директно и структурно насилство; конструктивно справување со конфликтите со цел да се превенира насилството, во вид на ненасилна разработка на конфликтите; поттик на учесниците и учесничките за конструктивен ангажман во процесот на градење на меѓетничката соработка во училишттата и пошироко; иницирање за нивно подобро меѓусебно поврзување преку зедничко дејствување во процесот на демократизацијата на општеството.
Тренингот се одвиваше низ интерактивни работилници, преку пленарна, групна и индвидуална работа. Групата имаше висок степен на кооперативност и подготвеност да работи на теми за кои вообичаено не се разговара во нивното опкружување, а се од витално значење за градењето на мирот. Меѓусебната поддршка беше составен дел од процесот на целиот тренинг. Тренингот го спроведе тренерскиот тим:
Блерим Јашари (ЦБС Љоја-Тетово)
Ана Битољану (МИРамиДА Центар и Амбасадата МЕЃАШИ-Скопје)
Гордана Пирковска-Змијанац (Амбасадата Меѓаши-Скопје) Една од работилниците беше изведена од страна на Горан Божиќевиќ, тренер од МИРамиДА Центар, Грожњан, Хрватска.
Трошоците за тренингот беа обезбедени од Quaker Peace & Social Witness, со поддршка на МИРамиДА центарот, на кои сме им посебно благодарни.
|
|