Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


Светска кампања за вклучување на децата во образование 2007
 Светската кампања за вклучување на децата во училиште „Global Campaign for Education” е активност која ја спроведуваме секоја година почнувајќи од 1999 година. Оваа акција на меѓународно ниво е координирана од страна на Global March Against Child Labor , додека национален координатор кај нас е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.


фото Петар Стојановски


Кампањата се спроведува веќе седум години и ќе трае до 2015 година, кога треба да се добијат резутатите од сите реализирани кампањи до тогаш, а се однесуваат на вклучување на сите деца во образование, овозможување на бесплатно образование, бесплатни учебници за секое дете, доволен број на квалификувани наставници, задолжително и квалитетно образование.

фото Петар Стојановски

Оваа година 2007 акцијата се организираше под мотото ,,ПРИДРУЖЕТЕ СЕ Образование сега”,со потсетување дека образованието е задолжителна законска обврска и основно Човеково Право, и потсетување на владите и меѓународната заедница за исполнување на нивните ветувања за овозможување бесплатно и задолжително основно образование за сите луѓе особено за децата, чиј бројка во Македонија над 18.000 илјади.


фото Меѓаши

Кампањата беше поддржана од следните основни училишта и општини низ Републиката,,Војдан Чернодрински’’,,,Петар Поп Арсов’’,,Димо Хаџи Димов’’, ,,Ј.Х.Песталоци’’,,11Октомври’’,,,26Јули’’,,КрстеМисирков’’,БраќаМиладиновци’,, Кирил и Методиј’’,, Блаже Коневски’’, ,, Кузман јосиифовски Питу’’,, Јане Сандански’’, ,, Борис Кидрич’’,, Ѓорче Петров’’, ,, Јан Амос Коменски’’,, Вера Циривири Трена’’, ,, Братство’’, „Васил Главинов“ „Блаже Конески“, „Св.Кирил и Методиј“ – „Благој Кирков“ , „ЈХК Џинот“ од Велес, основните училишта- ,,Гоце Делчев’’, ,,Кирил и Методиј’’, ,,Лирија’’ од Тетово,основните училишта -,,Кочо Рацин’’, ,,Бајрам Шабани’’, ,,11 Октомври’’, ,,Крсте Мисирков’’, ,,Браќа Миладиновци’’,одОпштинаКуманово,основнотоучилиште,,Никола Прарапунов’’ од Виница, потоа Општина Крива Паланка, Општина Боговиње, Општина Могила, Општина Росоман,Општина Штип, Општина Неготино, Општина Кратово, Општина Битола,Општина Македонски Брод, Општина Валандово, ОпштинаНеготино,Општина Лозово, Општина Ресен, партнерските организации Ел Хилал, Сончогледи, Мир , исто така од МВР и други јавни институции, како и јавни личности, на кои воедно им изразуваме Голема Благодарност за поддршката. А главни поддржувачи на кампањата беа Global March Against Child Labor и Космофон.

фото МИА

Главниот настан на кампањата во кој учество земаа над 6000 илјади деца,  беше  формирањето „ЛАНЕЦ“ од деца кои се држеа за раце на Градскиот плоштад-Македонија во Скопје, на плоштадите во Тетово, Велес, Куманово и останатите градови низ Републиката . 

фото Меѓаши

Оваа година за првпат кампањата се  документираше со видео запис од хеликоптер и тоа во градовите Скопје, Велес, Куманово и Тетово, истовремено се фрлаа и летоци за кампањата , а децата носеа капи испечатени на три јазици македонски, албански и ромски, со мотото ПРИДРУЖЕТЕ СЕ! Право на образование сега.

За самата кампања беше направен и видео спот снимен во три верзии (на македонски, албански и ромски јазик). Видео спотот беше прикажуван секојдневно и сеуште се прикажува од страна на медиумите Алсат, МС, Шутел, БТР, Канал 5, МТВ на кои им изразуваме Голема Благодарност за поддршката.


фото Петар Стојановски

Поддршка за кампањата дадоа и на Претседателот на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски, г-дин Никола Груевски, од Потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Иван Атанасовски,
фото Меѓаши

од Државниот Секретар на Министреството за труд и социјална политика г-дин Душко Миновски , како и од Претседателот на СОНК Дојчин Цветановски кои потпишаа гаранција со која ,,Потврдуваат дека ќе се залагаат да се оствари правото на секое дете да оди во училиште". 


фото Меѓаши