Извидници од Франција се приклучуваат во активностите на Амбасадата Меѓаши Во соработка со Сојузот на извидниците на Македонија и Скаутите на Франција, во периодот од 09 јули до 21 јули ќе се реализираат летни активности.
Активностите ќе се одвиваат во дворот пред Детската амбасада, а ќе опфатат 30 деца. 15 од нив ќе бидат деца од улица кои живеат во т.н. Картон маало, што се наоѓа на територијата на општина Аеродром, а 15 деца ќе бидат деца членови на Детската амбасада чии родители имаат низок социјално економски статус.
Програмата опфаќа секојдневно дружење, за време од две седмици, каде децата од 10:00 до 14:00 часот, слободното време ќе го поминуваат со кретивни содржини. Ќе се запознаваат меѓу себе и ќе се дружат, ќе играат различни забавно - едукативни игри, ќе учат нови содржини, ќе се запознаат со француската култура и храна, ќе се шетаат по градот Скопје и во околната природа.
|