РОДЕНДЕН НА РАМСТОР Трговскиот комплекс Рамстор мол на втори и трети јуни, по повод својот втор роденден раелизираше летен викенд фестивал.
Детската амбасада Меѓаши беше поканета да биде дел од нивната свечена програма.
Учествувавме со осум детски работилници и 40 деца членови од Детските работилници.
Секоја работилница имаше своја тема на работа, а освен децата од Детската амбасада, учествуваа и деца посетители кои доаѓаа во Рамстор. Се работеше со оригами, колаж, цртање на тема, портрети, честитки и др. Сите завршени цртежи и уметнички трудови беа изложувани на паноа за сето време на настанот. Најдобрите од нив беа наградени со подароци од Рамстор.
Сите деца што учествуваа добија сендвич и сок за освежување.
Работилниците имаа активност во саботата и неделата од 11:00 до 18:00 часот.
|