Промоција на волонтерството (Водич за волонтирање)
Активностите за изработка на “Водич за волонтирање” се при крај. Подготовката на самата брошура одеше во неколку фази, во кои беа вклучени надворешни соработници, фокус група (волонтери/ки и студенти/ки), како и поголем дел од тимот на Детската Амбасада- Меѓаши.
Целта која сакаме да ја постигнеме е да се направи волонтирањето повидливо, да се зголеми нивото на информираност, како и подигнување на јавната свест за значењето и важноста на волонтерската пракса, со што ќе се отворат нови можности за волонтирање. Водичот ќе помогне во изнаоѓање форми на сопствена партиципација на младите и студентите во граѓанското општество и во процесот на домесување промени.
Водичот не е непроменлив, може да се менува и дополнува како што волонтирањето во Македонија ќе се менува и развива.
Како целна група на која треба да се обрати самиот “Водич за волонтирање” се студентите од Р. Македонија, поради што и промоцијата на истата се планира на неколку универзитети низ државата. Првата промоција на брошурата се очекува да биде реализирана во месец јули 2007.
|
|