Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


Промоција на позитивни примериПрвата детска амбасада во светот упатува повик до сите граѓански асоцијации за пријавување позитивни примери од нивната пракса кои ќе послужат за подготовка на публикацијата “Промоција на позитивни примери”.

Публикацијата има за цел зголемување на видливоста на резултатите од работата на граѓанските организации преку публикување на нивните најуспешни активности. Во повикот може да конкурираат сите граѓански организации во Република Македонија кои имаат спроведено активности со кои сметаат дека постигнале значајни резултати во одредена област (во последните 15 години).

Активноста на промоција на позитивни примери е дел од програмата на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), која е финансиски поддржана од Европската агенција за реконструкција. Врз основа на овој повик работната група на Граѓанската платформа на Македонија ќе изврши селекција на позитицвните примери кои потоа ќе бидат уредени и публикувани.

Заинтересираните треба да испртат пријава, максимум на една страница, каде накратко треба да се даде опис на активноста. За повеќе информации обратете се кај Татјана Насевска на телефонот 02/2465-316 или на e-mail aдресата- info@childrensembassy.org.mk . Уредник на публикацијата е Горан Величковски. Публикацијата „Промоција на позитивни примери“ се очекува да се промовира во јули.