Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


Проект: Е-Македонија (МТ) Еднаков пристап на Сите деца до модерната технологија 
Детската амбасада отвори информатички работилници  за децата-членови на Детската амбасада, кои се претежно деца на социјално загрозени семејства. Со бесплатните работилници на 50 деца (во неколку групи) им се овозможува достапност во користењето на информатичките информации. Децата кои учествуваа во работилниците се поделени во пет групи

I група (6-9 години) подготвително и почетно ниво 8 деца

II  група (9-12 години) напредно ниво 9 деца

III група (4-9 години) подготвително и почетно ниво 10 деца

IV група (4-9 години) подготвително и почетно ниво 10 деца

V група (10-13 години) почетно и напредно ниво 10 деца.

 
Со проектот е адаптирана просторија од Детската Амбасада со цел во неа да се изведуваат работилниците. Во текот на спроведувањето на работилниците секое дете има свој компјутер на кој работи. Со работилниците исто така е подобрено дигиталното описменување кај децата.


Со донацијата од 6000 Евра, Македонски Телекомуникации директно ги подржа активностите на нашата организација, односно стана дел од малата група социјално одговорни компании кои ја помагаат заедницата.