Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


Предлог Правилник за Заштита на малолетната телевизиска публика од програми штетни за нејзиниот психо-физички развој

На 18 јануари 2007г., Советот за радиодзаифузија во соработка со Ротари клуб - "Камен Мост" - Скопје и Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, организираa трибина на тема - "Зашита на малолетната телевизиска публика од програми штетни за нејзиниот психо-физички развој".

Трибината беше дел од јавната расправа во врска со донесувањето предлог-правилник за заштита на малолетната публика од програми кои можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и/или морален развој .Учество земаа повеќе медиуми, институции и организации од Република Македонија, меѓу кои и: Првата програма на Македонското радио, Првата програма на Македонската телевизија, ТВ Телма, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ А1, ТВ АлСат-М, радио Канал 77, Организација на потрошувачите, Факултетот за драмски уметности, НВО "Цивил", Народниот правобранител.
Правилникот претставува операционализација на одредбите од член 71, став 3 од Законот за радиодифузната дејност, како легална основа што го овластува Советот за радиодифузија да изготви задолжителни правила за класификација на телевизиската програма, согласно со очекуваниот состав на публиката во различни периоди од денот.

Категории, програми и временски периоди:

Прва категорија - се емитува во текот на целотo деноноќие;

Втора категорија - се емитува во периодот од17:00 до 05:00 часот;

Трета категорија - се емитува во периодот од 21:00 до 05:00 часот;

Четврта категорија - се емитува во периодот од 22:00 до 05:00 часот;

Петта категорија - се емитува во периодот од 00:00 до 05:00 часот