Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


По повод 20 јуни, Меѓународниот ден на бегалците

Имиграцијата е еден од одговорите на сиромаштијата, малтеретирањата и насилствата врз децата во свeтот!

Во моментов се случуваат 30 војни во светот.

Мнозинството луѓе кои се повикуваат на бегалски статус, всушност се обидуваат да избегаат од војните, каде нивните животи се во постојана опасност. Набљудувањата октриваат дека бројот на бегалци на светско ниво се искачил на 12 милиони, најмногу поради нестабилноста во Ирак.
 
Во светот има приближно 50 милиони раселени лица  - бегалцикои побарале сигурност во друга земја, или пак се раселени во сопствената земја. Речиси половина од оваа популација се деца. Приближно 10 милиони се деца под 18 години. Околу  два милиони деца се убиени во воени конфликти во последната декада. Други шест милиони се верува дека биле ранети а еден милион останале сирачиња. 
 
Во Македонија во текот на 2007 година азил побарале 5 лица, по потекло од Конго, Палестина и Ирак. Во моментот право на привремена заштита во Република Македонија користат 1900 лица од населението на Косово,  од кои 99 % се Роми, а околу 920 од нив се деца на возраст под 18 години ( според UNCHR).

Во однос на состојбата со внатрешно раселените лица од конфликтот во Македонија од 2001 година, има вкупно 785 внатрешно раселени лица, а од нив 177 се деца. Половина од нив живеат во колективните центри, а половина во своите нови домови.

Во прифатилиштетото на Детската амбасада – Меѓаши до септември 2006 година беа згрижени 4 семејства или вкупно 16 внатрешно раселени лица од с. Арачиново од конфликтот во 2001. Овие семејства не се вратија во местата од каде што биле протерани, си изградија свои нови домови.