Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


СОС телефон за деца и млади

Бесплатниот СОС телефон за деца и млади  (080012222) кој функционира во рамките на Детската амбасада-Меѓаши продолжува и понатаму со својата работа. На телефонот  во периодот од 1 јануари до 20 јуни 2007 година се регистрирани 152 јавувања. Најголем дел од јавувачите се од женски пол иако не постои голема разлика во однос на бројот на повици остварени од јавувачи од машки пол. Процентуално најголем дел од јавувањата се за семејни односи (18,42%) потоа за злоупотреба и насилство врз деца(15,79%), комерцијална експлоатација(11,84%) и училишни проблеми(9,87%). Интересно е да се забележи дека во овој период има јавувања за сексуалност и сексуални информации во споредба со периодот јануари-јуни 2006 кога воопшто немало.

СОСтелефонот е финансиран од Македонски Телекомуникации и Стопанска Банка.

Месец

Број на разговори

Женски

Машки

Број на повици

Јануари(01.07)

14

10

4

20

Февруари(02.07)

24

12

12

24

Март(03.07)

26

17

9

29

Април (04.07)

49

26

23

/

Мај (05.07)

19

7

12

/

Јуни (06.07)

20

17

3

/

ВКУПНО

152

89

63

/

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

Обука низ работа во нашата партнерска организација The Irish Society for Prevention of Cruelty to Children - ISPCC, од Даблин - Исрка

 


Од 28 – 31 мај 2007, Гордана Пирковска Змијанац и Невенка Стефановска добија обука низ работа во нашата партнерска организација ISPCC  во Даблин, Ирска.

Обуката се состоеше од два посебни модули – за СОС линија и за собирање фондови за поддршка на програмските активности.

Гордана Пирковска Змијанац, како Програм Менаџер во Амбасадата Меѓаши го посети програмскиот дел на ISPCC – односно нивните 4 сервиси за помош на деца (Childline, 4me!, ChildFocus, Leаnbh)  додека Невенка Стефановска, менаџер за промоција и собирање средства се обучуваше во одделот за собирање средства.

 
Во пријатна и опуштена атмосфера, тренингот кој траеше 2 дена имаше за цел да ги поддржи нашите сродни активности.
 
“Обуката низ работа во организација која постои веќе 150 години беше навистина прекрасно искуство. За време на нашиот престој, тие несебично ни го открија начинот на кој сите нивни програми функционираат и не опремија со сите потребни прирачници и работни материјали. Навистина научивме многу.” – ни изјави Невенка Стефановска по враќањето.

Со нетрпение очекуваме и претсавниците од ISPCC да дојдат во Меѓаши и да ја вовратата посетат.