Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


Дел од случаите од нашата Правна служба во изминатиот период
Занемарено дете

На 20.11.2006 пријавен е случај на занемарена 20 годишна девојака која боледува од атрофија на мускули. Случајот го пријави нејзиниот брат М.З кој објасни дека неговата сестра живее со нејзиниот татко кој бил агресивен и неодговорен човек. Тој не водел грижа за неговата ќерка, не ја води на лекарски прегледи, не ја храни и воопшто не се грижи за нејзиниот социјален развој. Девојчето на учи средно школо и има запоставен социјален живот.

Правната служба во моментов бара најдобри можни решенија согласно законите за Здравствено осигурување и Законот за социјална заштита со цел да и се обезбеди најдоброто можно решение во соработка со надлежните центри за социјална заштита.

Во март 2007 обавивме посета на нивниот дом заедно со претставник од месно надлежниот  ЦСР. И по сите охрабрувања на таткото да користи некои од правата на социјална заштита како еднократн парична помош или услуги на денвниот центар на деца болни од мултиплекс склеоза сепак тој не прифати ниту еден од советите за одговорно родителство.

Му дадовме краток рок, а потоа би превземале мерки за утврдување одговорност на таткото поради неисполнување на своите родителски должности.  

Физичко насилство врз малолетник

Таткото пријави физичко насилство врз неговиот син од страна на сосед. Истиот се заканувал дека ке продолжи да го тепа детето. За случајов го ангажиравме адвокатот Атанас Стојаноски, надворешен соработник на Амбасадата Меѓаши кој  ги застапува бесплатно пред судските органи.

 Напуштени деца

Такото родител ги напуштил своите две малолетни деца на возраст од 10 и 12 години. Таткото повеќе години работел во Швајцарија и по смртта на нивната мајка ги земал децата да живеат со него во Швајцарија. По една посета на својата тетка во Македонија, таткот заминува во Швајцарија понесувајки ги пасошите на децата со себе, а нив ги оставил на чување кај нивната тетка.

За случајов кој децата директно го пријавија во нашата Амбасада побаравме достава на информација од надлежнопт Центар за социјални работи. По проверка на доставените докуметни утврдивме дека за случајот е потребно да се формира мешана комисија на Македонскиот и Швајцарскиот Центар за социјални раби, по можност и на ниво на Министерства за труд и социјална политика со цел случајот усшешно да се разреши.Иако постои основ да се поднесе тужба за одземање на родителскот право преку Јавното Обвинителство, сепак во разговорите со Социјален работник од центарот утврдивме дека тоа не е решение на овој проблем, бидејќи потребно е децата да одат кај нивниот татко и да го продолжат образованието тамо. Поодготвени сме на барање на Центарот за социјални работи да им дадеме толкување на Меѓународните документи за  решавање на проблемите на родителството кога децата и родителот живеат во различни земји.

Соработката е во тек.

 Физичко насилство врз штитени на дом за деца

На 08.05.2007 г. на СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 при нашата Амбасада примивме повик во кој бевме известени дека штитеник на домот 11 Октомври бил претепан од страна на друг штитеник на домот. Јавувачот не извести дека  одговорните во домот не превземале ништо за пријавување на настанот во полиција, ниту обезбедиле навремена здравствена заштита за детето со изговор дека тоа ќе го сторат доколку таковиот  инцидент се повтори.

Според исказот на јавувачот штотеникот бил истепан од постарото дете  на 03.05.2007г., и  покрај телесните повреди  дури на 07.05.07г. бил однесен во болница.

При пријавувањето на овој случај  во полициската станица во Центар,бевме известени дека пред нашето јавување случајот не бил пријавен во полициската станица. При повторно јавување во  одделот за малолетничка деликвенција при МВР, каде дополнително го пријавивме овој случај,  не известија дека на денот на настанот инспекторите за малолетничка деликвеницја уредно си ја завршиле својата работа на теренот.

Во состојаба на контрадикторни информации го замоливме Народниот Правобранител да превземе мерки од својата надлежност со цел овој случај да се разоткрие и да се превземат мерки за заштита на детето согласно член 19 од Конвенцијата за заштита на детето.

Запоставено дете


Детската амбасада-Меѓаши реагираше и испрати претставка до Народниот правобранител во врска со случајот објавен во медиумите за девојчето В.Д. од Тетово кое поминало десет дена покрај мртвата мајка. Центарот за социјална работа од Тетово одлучи девојчето да биде сместено во Ј.У. за деца со воспитно- социјални проблеми “25 Maj”.

Ние сметавме дека тоа не е соодветна институција и во претставката до Народниот правобранител предложивме девојчето да биде сместено во згрижувачко семејство или во СОС Детското село. Истиот став телефонски му го пренесивме на директорот на Центарот за социјална работа од Скопје. На 21 јуни добивме известување од Правобранителот дека по преземените мерки во негова надлежност девојчето е сместено во СОС Детското село каде биле направени мултиконзилијарни испитувања од здравствен и психо-социјален аспект и сега со неа работат стручни тимови за семејна терапија. Од СОС Детското село ни кажаа дека В.Д. напредува одлично и нејзиниот развој е соодветен на нејзината возраст. Иако на почетокот била многу повлечена, таа сега е добро прилагодена, редовно посетува училиште и има воспоставено добра комуникација со СОС мајката и останатите деца.