Апел за помош на три лица 1. Двесетиосумгодишниот Стојковски Борче, од с.Дорфулија Свети Николе, е болен од леукемија. Поради тежината на болеста и потребата да биде извршена трансплатација на коскената срцевина, препорачано е лекувањето да го продолжи на Универзитетската Клиника во Лајпцинг – Германија, со што му гарантираат излекување на болеста. За тоа лекување се потребни финансии во висина од 100.000,00 евра.
Потребните финансии не можат да ги обезбедат неговите родители бидејќи се невработени, а Борче е апсолвент на Технолошко – Металуршки Факултет, и затоа се надеваат на хуманоста од граѓаните, со што би се продолжил животот на Борче.
Вашиот придонес кон создавање фонд за средства кои ќе му помогнат на Борче во лекувањето можете да го дадете преку донација на 100 денари од вашиот Т-Мобиле телефон со повик кон специјалниот број за донации 070 / 143 – 103, или пак со донација на жиро сметка 200000000018907 Стопанска Банка АД Скопје со повикување на број 00769412-2, отворена специјално за оваа намена.
2. Седумгодишниот Новица Ѓошев, роден на 15.12.1999 година од Скопје боледува од една од најтешките болести-леукемија(leukemia acuta). Неговите родители се во тешка финансиска ситуација и не можат да ги плаќаат трошоците за неговото лекување.
Вашиот придонес кон создавање на фонд за средства кои ќе му помогнат на малиот Новица во лекувањето можете да го дадете преку донација на жиро сметка: 300001000015425 Комерцијална Банка АД Скопје, отворена специјално за оваа намена.
3. Петнаестегодишната Васиљоска Елена, родена на 24.04.1992 година од Куманово боледува од тешка болест SLE – нефритис , мултипни мозочни удари –квадриплегија. Поради тежината на болеста, препорачано е да се лекува во странство. За тоа лекување се потребни финансии во висина од 17.000 илјади долари, а лекувањето трба да започне на 07 јули оваа година.
Потребните финансии не можат да ги обезбедат нејзините родители и затоа се надеваат на хуманоста од граѓаните, со што би и се продолжил животот на малата Весна.
Вашиот допринос кон создавање на фонд за средства кои ќе и помоганат на малата Весна во лекувањето можете да го дадете преку донација на 070 / 143 – 777 или на жиро сметка: 510-0000000001-09 Комерцијална Банка АД Скопје, отворена специјално за оваа намена.
|