Активности за собирање на средства
Во обид да собереме средства за поддршка на нашите програмски активности, во измантиов период ги ораганизиравме или учествуваме на следните настани:
- од 01-10 март, Амбасадата Меѓаши имаше изложбено-продажен дел во трговскиот центар Рамсторе, како дел од саемот за ракотворби. Во текот на овие 10 дена, собравме 10.960,00 денари од продажбата на рачно изработени предмети. За ручекот на волонтерите/ките кои учествуваа во овој настан, се погрижи пица ресторанот Амати-Рамсторе.
- За време на Гаражната Распродажба во Интернационалното училиште НОВА на 04. март, Амбасадата Меѓаши ги изложи предметите кои беа изработени од учениците во ова училиште, и собра вкупно 2.910,00 денари.
- Во нашите касички за донации, граѓаните за периодот од март – јуни, дарували вкупно 64.160,00 денари, односно 995,00 денари во маректот Тедико во Топанско поле, 3.554,00 денари во Сп Маркет во Охрид, 2.495,00 денари во СП Маркет во Автокоманда, 1.438,00 денари во Макси-Д во Кисела Вода, 2.490,00 денари Нептун Градски Стаидон, 3.850,00 денари од т.ц. Рамсторе во Тетово, 2.197,00 денари од Тедико Чаир, 7.052,00 денари – СП Маркет Карпош, 10.245,00 денари - Стопанска банка филијала Битола, 4.185,00 денари Стопанска Банка филијала Кавадарци,9.155,00 денари Стопанска банка филијала Неготино, 561,00 денари Стопанска банка филијала Битола 2, 3.527,00 денари – Стопанска Банка Аердром, 644,00 денари Драмски Тетатар Скопје, 3.525,00 денари – Аредром Александар Велики, 927,00 денари – Космофон Аеродром, 5.920,00 денари т.ц. Рамсторе – Скопје. Отворањето и броењето на касичките се одвиваше во присуство на трчлена космија, во чии состав влегуваат: Ирена Србиновска, Борче Стојановски, Наташа Периќ, Реџеп Раими, Невенка Стефановска, Адријана Рушити, Дејан Бујишиќ, Александар Гумберовски, Анета Зафировска, Азрина Дупљак, Ирфан Бајрам и Татјана Насевска.
Сите собрани средства се наменети за СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 и Детските работилници на Амбасадата Меѓаши.
|