Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.28


15 ти РОДЕНДЕН НА АМБАСАДАТА МЕЃАШИ

На 3 мај, оваа година свечено ја одбележавме 15 - годишнината од нашето функционирање. Местото на одржување беше во преубавиот простор на Драмскиот театар.


За време на овој значаен настан за нас беше прикажан документарниот филм за работата на нашата амбасада во изминативе 15 години, изложба на фотографии и написи од печатот, како и презентација на предмети изработени од децата, активно вклучени во детските работилници.

Манифестацијата беше водена од г.Коле Ангеловски, Амбасадор на Детската амбасада - Меѓаши, Стефан Плескоњиќ, Дете Амбасадор и г-ца Фросина Пандурска, асистентка за односи со јавност во Детската амбасада - Меѓаши.


На овој настан земаа учество поддржувачи, пријатели, соработници и волонтери со кои соработуваме 15 години.


Првата детска амбасада во светот е меѓународна граѓанска организација основана на 29 Април 1992 година во Скопје.


Детската Амбасада Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права и застапување на детските интереси. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето во Република Македонија развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.