Почетна » Активности » Изминати активности » Градење култура на детско учество


"ЛОЈА" Тетово

Центарот за Балканска Соработка „ЛОЈА“ започнува да работи како невладина организација во Тетово во 1999 година. Во десетгодишниот временски период колку што постои работи на две главни сфери: култура и едукација.

 

Во рамките на сферата на културата организира изложби на слики и фотографии, продуцира краткометражни документарни филмови и организира кино-проекции, со што е единственото место каде граѓаните на Тетово може да одат на кино. Во рамките на едукацијата работи на различни проекти кои промовираат неформална едукација. Проектите како целна група имаат од деца во градинка до универзитетски професори. Една од главните цели, а и мисија на организацијата е преку своите активности е да промовира меѓуетничка соработка, почит и толеранција. Организацијата исто така работи и на интернационално ниво при што директно учествува во организирање на повеќе национални размени каде таргет група се младите.