Почетна » Активности » Изминати активности » Градење култура на детско учество


Центар за граѓанска иницијатива

Контакт:

ул.  Димо Наредникот бб  (зграда Ерик), 7500 Прилеп, Македонија
тел: +389 (0)48 400 480
факс: +389 (0)48 425 125
е-пошта: ccimk@mt.net.mk
www.cgimk.org.mk

Датум и место на основање: на 24 Maj 1997 во Прилеп, Р. Македо­нија

Област на делување: Човекови права, Развој на НВО Сектор, Унапредување на работата на ЛС и ЈА

Ниво на делување: Национално и регионално (Балкан).


Цел на организацијата:

            Примар­ните цели на ЦГИ се да го помага развојот на демо­кра­ти­­јата и цивилното оп­штес­тво во Маке­до­­ни­ја, да ги прив­ле­че граѓа­ни­­те во еду­ка­ци­ја­та и да промо­вира позитив­ни про­ме­ни во нивната оп­шти­на и земја.


Главни активности:

            ЦГИ во соработка со невладини, владини ор­­гани­­­зации и бизнис секторот ги мотивира граѓаните да делуваат во изградба на граѓанското општество во РМ и пошироко.Крајната цел на ЦГИ е сите граѓани да имаат еднакви човекови права, да бидат вклучени во процесите на одлучу­вање и да имаат еднаков пристап во образо­вани­ето.
ЦГИ организира разни активности и про­екти да ги постигне овие цели зголемувајќи го учес­тво­то на македон­ски­те гра­ѓани во процесот на гра­дење подобро и по­отво­рено демократско оп­ште­ство. Работата на ЦГИ се фокусира на следното:

- непартиска едукација за плурализмот и демократијата на младите луѓе преку организирање на семинари, летни школи, детски и младин­ски цен­три и дру­ги активнос­ти;

- промовирање на чове­ковите права и слобо­ди преку набљудување на локалните и нацио­нал­ните избори, рабо­та на проекти, одржу­ва­ње на средби, семи­нари и др.;

- развивање на меѓуетни­чките и меѓународ­ните односи помеѓу Македонија и нејзините соседи преку конкрет­ни проекти;

 - развивање на соработ­ка помеѓу локалниот НВО сектор и локална­та самоуправа низ дијалог, тркалезни маси, се­минари и проекти;

- зајакнување на локал­ни­от НВО сектор низ обу­ки, семинари, тех­ни­чка помош, лобира­ње и поддршка и консултации за проекти;

- развивање на соработ­ка и зајакнување на капацитетите на јавна­та администрација

            Соработката со сли­чни невладини организа­ции во Македонија и стран­ство е насочена кон остварување на овие цели.