Почетна » Активности » Изминати активности » Градење култура на детско учество


Aктивности кои беа одржани во Кичево по повод Глобалната недела на акција 2009 

На 21 април група од 12 ученици беа примени на средба во Бирото за развој на образованието. Учениците се поделија на 3 групи: едната група му поставуваше прашања на инспекторот Хамдин Рушај, другата група поставуваше прашања на инспекторката Славица Крстеска, третата група на советничката Латифе Бајрами. Во текот на средбата учениците беа конструктивни и активни и поставуваа интересни прашања како што се :

§         Која е вашата улога?

§         Што правите за подобрување на образованието?

§         Даки знаете колку деца во Кичево не се вклучени во образование?

§         Која е причината што сеуште има деца што не го посетуваат училиштето?

§         Дали вие правите напори за подобрување на социоекономската положба на тие деца што неможат да се школуваат?

§         Дали планирате да отворите факултети во Кичево...?

 

На сите поставени прашања учениците добиваа одговори. Многу задоволни и учениците и надлежните се разделија со надеж за повторна средба со нови прашања и одговори.

За овие активности беше известена новинарката Светлана Велјановска, дописник на МИА и К.77.