Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална недела на акција 2009/2010

Во Кичево одбележана Светската недела за образование на секое дете

Кичево, 21 април (МИА) - Во рамките на одбележувањето на Светската недела за образование на секое дете, денеска во Кичево невладината организација „Здружение на жената албанка“ организираше посета за учениците од ОУ „Санде Штерјоски“ на подрачното одделение на Министерството за образование и наука во овој град.

Учениците беа примени од Советникот за образование Љатифе Бајрами, како и просветните инспектори Славица Крстеска и Амдин Рушај, при што добија одговори на голем број прашања поврзани со образованието во Кичево.

Најголеми интерес учениците пројавија за можноста за високо образование во Кичево, за изградба на нови спортски терени и за ново училиште во градот за да се надмине проблемот со трите смени во нивното училиште.

Група од пет ученици утре ќе учествуваат и на централната манифестација која ќе се одржи во Скопје на градскиот плоштад под мотото „Образование за секое дете“. Организатори на манифестацијата се Детската амбасада „Меѓаши“ и членките на коалицијата НВО- Антико.