Почетна » Активности » Изминати активности » Глобална недела на акција 2009/2010


"Големото читање" утре во Куманово


Tuesday, 21 April 2009 14:39 


Во организација на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Хуманитарното здружение „Мајка„ и децата од Куманово ќе се вклучат во одбелжување на глобалната недела на акцијата. Утре во 12 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи мирен собир на кој учество ќе земат децата од сите училишта и граѓаните.

„Со овој протест очекуваме да ги потикнеме родителите кои своите деца не ги пуштаат на училиште или го експлоатираат нивниот труд, преку питачење или работа во поле да ја разберата целта на образованието„ - вели Маргарита Аврамовска потпретседателка во ХЗ „Мајка„.

Учениците од ОУ „Браќа Миладиновци„ учесници во проектот „Големо читање„, денеска ги прими градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и одговараше на нивните прашања врзани за образованието на децата.Градоначалникот истовремено написмено се обврза дека во своите можности и ингеренции ќе се залага сите деца во општината да се опфатат во образовниот систем на државата. 

„Моја порака е што повеќе луѓе и деца да се вклучат на утрешниот протест и апелираме сите деца да се вклучат во образованието и да седнат во училишните клупи, бидејќи таму им е местото„- порача осмооделенецот Марко Божиновски.
 
За време на акцијата, утре во училиштата на првиот час ќе се одржи Големо читање на приказни и ќе се дискутира за значењето на образованието.Големата книга е создадена преку собирање на необични животни приказни раскажани од повеќе влијателните личности во светот.

Годинава, своите приказни со децата од целиот свет ги споделија Нелсон Мандела, Кралицата Раниа од Јордан, Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс и Пауло Коелјо.

Во Македонија, меѓу  поканетите се Коле Ангеловски, Борис Трајанов, Амернис Нокшиќи, Маргарита Цаца Николовска, амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини и многу други.
 

http://www.kumanovonews.com/vestii/34-vesti/1532-golemoto-citanje-utre-vo-kumano0vo