Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Дневен центар за деца кои не одат на училиште во општина Аеродром

Образование за секое дете Во организација на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, а во рамки на проектот „Македонија без дискриминација“, деновиве се одржа форум на тема: „Образовна инклузија на децата што не одат во училиште во општина Аеродром“
     
На форумот имаше претставници од основните училишта во општината, Бирото за развој на образованието, Дневните центри за деца на улица, родители чии деца ги посетуваат овие центри, како и претставници од министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика.

Цел на овој форум е да се анимираат сите релевантни фактори кои можат да придонесат за надминување на проблемот со децата кои не се вклучени во редовниот образовен систем, како и да се обезбедат механизми за нивно вклучување, истакна Ениса Еминовска, член на работната група за подготовка на мултидисциплинарни протоколи за упатување на децата на улица.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8319153642&%20id=25&%20prilog=1&%20setIzdanie=21777