Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Детство без насилство кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа

Локален тренинг 2:Тема на Локалниот тренинг – Детските права и заштита на детските права

Учесници на Локалниот тренинг беа претставниците на Првата детска амбасада во светот: волонтерите од СОС телефонската линија при Првата детска амабасада во светот – Меѓаши (Наставници, Педагози, Пратеници, Социјални работници, Психолози) и 13 деца од Скопје и 6 други градови во Македонија, дел од проектот Градење култура на детско учество.

Тренингот беше воден од г-н Драги Змијанац и г-ѓа Гордана Пирковска Змијанац, тренери за детски права. Програмата на тренингот беше организирана во групна работа, индивидуална работа, интерактивни игри и пленарни дискусии. Целта на тренингот беше да се зголеми знаењето за детските права, особено помеѓу децата, учесници на тренингот. Преку теоретски и практични примери, тие имаа можност да разберат кои се нивните основни човечки права, какви видови на прекршување на овие права постојат, како можат да се заштитат себеси и каде можат да се обратат за помош и заштита. Во таа насока децата беа запознаени со работата на СОС телефонската линија и каков вид на помош и заштита можат да им бидат обезбедени преку оваа линија.

Преку интерактивниот начин, волонтерите и децата можеа да разменат информации во врска со проблемите во полето на детските права и начините за обезбедување помош и заштита.

Учесниците го искористија овој тренинг за да се запознаат со детските права, начините на кои можат да бидат прекршени и најважно од се, како може децата да бидат заштитени. Од друга страна, волонтерите од бесплатната СОС телефонска линија имаа можност да слушнат директно од децата кои се нивните стравови, проблеми и потреби.