Почетна » Архива » 2012


ИЗВЕШТАЈ НА СОС ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ 0800 1 22 22 ( БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА) ЗА 2011 ГОДИНА И НА БЕСПЛАТНАТА ПРАВНА СЛУЖБА ПРИ ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ

Денес (7 февраури 2012) Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше прес конференција за извештај за работата на СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 * (бесплатна линија) и бесплатна правна служба за 2011 година

Во согласност со Годишната програма за работа на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ за 2011 година, во изминатиот период беше направен извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади и на бесплатната Правна служба. На  прес-конференцијата ги презентиравме резултатите од анализата на јавувањата, повиците и постапувањата од минатата година. Презентацијата на извештајот има за цел да ја запознае јавноста со проблемите кои ги мачат децата во Македонија, причините поради кои тие се јавуваат на СОС телефонот, тешкотиите со кои се соочуваат децата и нивните родители/старатели во случаи кога нивните права се прекршени, како и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Македонија.


 

      На СОС телефонот за деца и млади во текот на 2011 година се регистрирани 235 дојави. Од вкупниот број на дојави само 15 деца се јавиле како дојавувачи. Останатите 220 дојавувачи биле возрасни кои пријавиле вкупни 462 случаи на проблеми кои ги имаат деца. Тоа значи дека во просек една дојава се однесува на две деца.

      Децата се најнезаштитени онаму каде што треба да се најзаштитени (во домот, во училиштето, во другите институции коии се надлежни да овозможат непречено остварување на правата на децата

• 84 деца од вкупниот број на евидентирани случаи биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство што одговара на 17.61 %

• 86 деца биле незаштитени и изложени на насилство во своето училиште што е 18.03 % од вкупниот број случаи

• 86 деца биле изложени на институционална злоупотреба (проблем во утврдување на надлежност и одговорност меѓу државните институции, ненавремено реагирање, непочитување на детското мислење во постапки кои се од значење за децата, дополнителна виктимизација и стигматизација на деца кои веќе биле жртви...)

Од вкупните 477 случаи 191 дете биле изложени на физичко, психичко и сексуално насилство, како и негрижа и занемарување.

Децата секојдневно молчат и трпат насислтво. Тие ретко го пријавуваат насилството бидејќи се плашат. Тие се разочарани и обесхрабрени од родителите, старателите, наставниците и институциите кои треба да им помогнат и да се грижат за нив.

Прочитај го целиот изештај тука: PDF