Почетна » Архива » 2011


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Домаќин на г-ѓа Емине Ердоган, сопруга на Премиерот на Република Турција и г-ѓа Боркица Груевска, сопруга на Премиерот на Република Македонија 
 


На ден 29.09.2011 година Првата детска амбасада во светот Меѓаши беше посетена од страна на г-ѓа Емине Ердоган, сопруга на Премиерот на Република Турција г-дин Реџеп Таип Ердоган и г-ѓа Боркица Груевска, сопругата на Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски. Тие беа придружени од сопругата на Амбасадорот на Република Турција во Македонија Н.Е. г-инот Арслан Хакан и сопругите на неколку турски министри.

Тие ги посетија креативните работилници за деца каде што се изработуваа оригами и ликовни творби, при што децата им подарија неколку од своите рачно изработени предмети. Ги разгледаа просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, се запознаа со тимот кој работи во оваа организација како и подетално со активностите кои ги реализира за заштита на правата на децата.

Во оваа пригода г-ѓа Боркица Груевска донираше телевизор и DVD систем кои Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе ги користи за активностите во Дневниот центар за деца кои не одат на училиште.



На крајот, во знак на благодарност, Извршниот директор и Основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, м-р Драги Змијанац, на г-ѓа Ердоган и на г-ѓа Груевска им додели статуетки „Бушавко“, заштитниот знак на Детската амбасада Меѓаши.