Во Женева 54-та сесија на Комитетот за правата на детето-На сесијата се разгледуваше Вториот периодичен извештај на Република Македонија на Конвенцијата за правата на детето
М-р Драги Змијанац директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Кети Јандријеска Јованова адвокат – надворешен соработник на Хелсинсшкиот комитет за човекови права на 27 и 28 мај, 2010 година, учествуваа на 54-та сесија на Комитетот за првата на детето.
На сесијата се разгледуваше Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
Имено, по пристапувањето и ратификацијата од страна на Република Македонија на Конвенцијата за правата на детето во 1993 година, потоа на Факултативниот протокол за трговија со деца, детска проституција и детка порнографија во 2003 година, и на Факултативниот протокол за инволвираност на деца во вооружени конфликти во 2004 година, одредбите на овие правно-обврзувачки документи според Уставот на РМ имаат иста сила како и законите и се директно применливи. Соодветно на начелата од нив е започнато и прилагодување на македонските законски прописи коишто ги регулираат правата на децата.
|