Почетна » Архива » 2010


ОБСЕ нема коментар за скандалот со детски порнографски материјали
Автор: Марија Илиќ
08 јуни 2010, 16:17
Извор: Макфакс
Скопје

ОБСЕ не го коментира случајот за нивниот вработен кој е осомничен за поседување на детска порнографија во компјутерскиот систем.

„Немам коментар за ова прашање, тоа е прашање за други власти и немам други информации освен оние од медиумите “, рече Кнут Волебек високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ.

За овој случај остро реагираа невладините организации од Македонија.

„Сексуалната злоупотреба остава најдлабоки траги во психата на едно дете и ги повикуваме сите државни институции во Македонија на поголема мобилност и будност“, изјави Драги Змијанац извршен директор на првата детска амбасада Меѓаши.

Змијанац побара да биде расветлен случајот на осомничениот за педофилија од ОБСЕ „Бидејќи анонимниот јавувач на 31. мај имал основан сомнеж дека осомничениот покрај поседување на детски порнографски материјали наводно извршил обљуба и злоупотреба на малолетни деца од различен пол на возраст под 14 години и можно е да биде гонет и според кривичниот закон 188 за полов напад на дете“.

Невладината организација Македонска младинска асоцијација „изрази згорзеност од последниот педофилски скандал и ќе се спротистави на секаков вид на злоупотреба на децата вклучувајќи ја и педофилијата како најтежок вид на повреда на основните човекови права и слободи“, рече Благица Корубин.

Триесет и осум годишниот Норвежанец од мисијата на  ОБСЕ  на 16 мај ја  напуштил Македонија и МВР покрај кривичната пријава против осомничениот стапи во контакт и со Интерпол со цел за целосно расчистување на случајот./крај/ми