Почетна » Архива » 2010


Надзорна расправа на тема „Имплементација на законската регулатива од областа на правата на детето и Конвенцијата на правата на детето“

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија Целта на надзорната расправа е надзор на имплементацијата на законската регулатива во насока на правата на детето, а од областа на здравството, образованието, труд и социјалната политика и правда и надзор на имплемент Надзорната расправа се одржи на 2 ноември 2010 година.

излагање на м-р Драги Змијанац – Извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

 

Иако оваа година Конвенцијата за правата на детето (КПД) ја слави својата 21- година од нејзиното донесување, сепак над 70% од децата во Република Македонија, на училишна возраст, не ги познаваат своите права. Ова го покажа истражувањето кое го спроведе Првата детска амбасада во светот Меѓаши на 2234 ученици,на возраст од 10 до 18 години во 41 основно училиште и 24 средни училишта во 7 градови во Македонија. Податоците ги обработи БРИМА GALLUP Скопје.

 

И покрај бурните законодавни реформи и пишување политики, децата и нивните семејства, особено сиромашните деца и сиромашните семејства ги пропуштаат основните права: правото на квалитетна здравствена заштита; правото на образование и правата на учество и вклученост.

 

Право на образование:

Со Уставот на РМ основното и средното образование се задолжителни и бесплатни. Идеално е целата популација да има завршено средно образование, но е тешко остварливо се додека има 18 500 деца (според МОН 5% од вкупниот број деца не се вклучени ниту во основното образование). Ова е реалност и жална состојба која од наша страна повеќе пати ја повторуваме и се заложуваме сите одговорни лица во институциите на системот да вложат максимални напори да се подобри состојбата со вклучувањето на сите деца во основното образование.

 

Децата кои не се вклучени во образовниот процес се најчести жртви на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд (проституција, просење итн.)

 

Препораки:

 • Вкучување на сите деца во образовниот процес

• Целосно спроведување на Стратегијата за инклузивно образование преку развивање и спроведување на програми за инклузивно образование на деца со посебни потреби.</span>

• Стратешко планирање и техничка подготовка при креирање на образовни програми за инклузивно образование со вклучување на посебни едукатори (дефектолози) во образовниот процес на деца со посебни образовни потреби.

• Промовирање на неформално образование кое ќе овозможи доквалификација и преквалификација за работни места кои се актуелни на пазарот на трудот.

• Изработка на програми за стекнување на неформално образование кај децата со посебни потреби.

• Допилнување и измена на законите се цел да се овозможи на децата помеѓу 9 и 14 годишна возраст да може да се вклучат во воспитно-образовниот процес затао што според Законот за основно образование не може да се вклучат во училиште со навршени 9 години, а согласно Законот за образование за возрасни овие деца може да се вклучат во образованието само со наполнети 14 години.

 

Злоупотреба на детскиот труд:

Иако Конвенцијата 182 против најлошите форми на детски труд е ратификувана од Собранието на РМ во 2001 година, сепак прашањето за нелегалната работа, за злоупотреба на детски труд е нешто што воопшто не е истражувано и анализирано, а истото постои и негативно влијае на правата на децата.

Современите трендови на трудова експлоатација на деца кои се присилувани да работат по улиците, по кафеаните, по ѓубриштата, изложени се на екстремни климатски услови, насилство на улица, живот без елементарни хигиенски услови, тие се лесна цел за вовлекување во криминал, децата го поминуваат своето време надвор од образовниот процес за да заработат пари. Причините поради кои децата се почесто се трудово експлоатирани се малиот економски стандард на голем дел од населението, сиромаштија во семејството, искористување на децата од родителите и други лица, низок степен на образование на родителите и децата, лошите услови за живот во домот итн.

 

ПРИМЕР:

Во 2007 год. 13-годишното дете ХХ од Гостивар почина при работа во сервис за миење автомобили. Овој трагичен случај е уште една потврда дека злоупотребата на детскиот труд во РМ е реалност. Ова е драстичен пример за кршење на одредбите од КПД, Конвенцијата против најлошите видови на детски труд (182) и на Националните закони.

 

Деца на улица

Има сè поголемиот бројот на вакви деца за кои државата нема точно утврдена бројка. Повеќето од нив се Роми, и за жал нема напредок кон трајни решенија, со кои се осигурува заштита на децата, пристап до образование и повторно општествено интегрирање. Во Дневни центри што обезбедуваат заштита за децата на улица се обавуваат основни хигиенски потреби (се бањаат) им се дава облека, еден оброк и основни воспитно-образовни содржини. Но, Дневните центри не се трајно решение за обезбедување на нивните основни права на дом и образование. Потребно е да се обезбеди адекватна заштита и помош за закрепнување и повторно интегрирање на децата на улица и да развие сеопфатна стратегија за справување со основните причини кои доведуваат до оваа појава.

Многу често децата на улица не се сирачиња, имаат родители и најчесто родителите се поттикнувачи во питачење и препродавањето. Овие деца се двојно занемарени и од страна на државата и од страна на родителите.

Постојат деца кои се невидливи за системот односно деца кои се без документација, поголем дел од нив се Роми во Македонија, добар дел од нив не се здравствено осигурани, не се вклучени во образовниот систем, иако Законите за здравство велат дека не смее да има граѓанин во РМ без здравствено осигурување.

 

Препораки:

 • Формирање на прифатни центри во кои ќе се згрижуваат цели семејства, а со тоа ќе им овозможи минимум егзистенција што ќе резултира со ослободување на децата од улица и нивно вклопување во образовниот систем.

• Развивање на стратегија за поддршка на семејствата.

• Подигнување на капацитетите на државните социјални служби за заштита на деца на улица.

• Директна интервенција и помош за децата на улица и нивните семејства.

 

Детска злоупотреба, занемарување и насилство:

Состојбата со насилството над децата во нашата земја е повеќе од алармантна! Насилствата врз децата стануваат секојдневие и децата се тепани, злоставувани и злоупотребувани. Податоците на СОС телефонот за деца и млади на ПДАСМ покажуваат зголемен пораст на насилството (физичко, психичко и сексуално) врз децата. Додека во 2007 година тој изнесувал 13,4%, во 2008 е 39,1 %, во 2009 е дури 48,2 %.

Пријавување на случаи на родосквернавење и педофилија на нашиот СОС телефон за деца и млади и наши бројни рекации за функционална заштита на децата од државите институции го подигнаа прагот на нетолератност кон силувачите на децата. Казните за овие тешки кривични дела се зголемени на минимум 8 односно 10 години. Детската амбасада Меѓаши позитивно го оценува донесувањето на Националниот план за акција за заштита на децата од сексуална злоупотреба и педофилија и напорите на Владата на РМ за негово брзо и ефикасно спроведување како и ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба. Првата детска амбасада во светот МЕѓаши со цел посоодветно да се постапува со детето жртва на сексулана злоупотреба, педофилија и родосквернавење предлага отворање на Прифатилиште за деца жртви на сексулана злоупотреба, посебно згрижување на децата во првите 72 часа, зајакнување со згрижувачки семејства во другите градови каде непсотојат пуслови за отворање на прифатилишта.

Во текот на постапката на докажување вина на сторителот не смее да се дозволи соочување на детето-жртва со сторителот затоа што тоа предизвикува дополнителна психичка траума, недоверба во ефикасноста и ефективноста на системот на заштита. Иако според Законот за малолетничка правда е предвидено детето да даде 2 до максимум 3 изјави, ние се залагаме тоа да биде една изјава и тоа во специјалан скрин соба во присуство на судија, социјален работник, психолог, педагог и полициски инспектор во цивилна облека. Видеоаргументацијата ќе се користи во понатамошниот тек на постапката при докажување на вина. </span>

 

Четири исчезнати лица за само еден месец

Се трага по 4 деца исчезнати за само еден месец сите од рурални средини. „Меѓаши“ укажува дека децата од руралните средини и од сиромашни семејства се најчеста мета на криминалот со трговија на деца.Детската амбасада “Меѓаши” апелира до Министерството за внатрешни работи дека не треба да го исклучи сомнежот кај граѓаните дека сè позачестеното исчезнување на деца е поврзано со трговија со деца и детски органи, киднапирање, организирана група на грабнувачи на деца заради питачење, детска проституција и порнографија.

 

ПРИМЕР:

Лицето Х е татко на 2 малолетни ќерки, на возраст од 8 и 7 годишна возраст. Тој и мајката на децата не живееле заедно, а заеднички се договориле поради лошата економска состојба, децата да ги сместат во интернатот на училиштето во Љубанци.

Секој викенд од декември 2008 до март 2009 година, таткото одел во интернатот и оттаму ги земал неговите ќерки и ги носел во неговиот дом, каде заедно со негов 28-годишен пријател сексуално ги злоупотребувале девојчињата, притоа заканувајќи им се дека ако кажат некому ќе ги заколат.

И покрај знаењата дека таткото е алкохоличар и претходно осмоничен за неколку кривични дела, сепак Центарот за социјална работа дозволил децата да го поминуваат своето слободно време кај таткото.

Насилството кое траело 3 месеци, помалата сестричка го пријавила на една од наставничките во интернатот.

 

ПРИМЕР:

На ден 03.11.2009 година, 29-годишна мајка С.Џ. си го уби својот седумгодишен син.

Седумгодишниот Селмир на пат кон болницата им подлегна на повредите, кои претходно со тврд предмет по главата и телото му ги нанесе неговата мајка.

Пред да се случи грозоморното убиство, биле поднесени повеќе кривични пријави против мајката, за запуштање и малтретирање на малолетно лице, за кражба, за одземање малолетник, за кои во неколку наврати се изрекувани дури и казни затвор. Од полицијата информираат дека за ова “дебело” досие на мајката бил известен и Центарот за социјална работа од Скопје.

 

ПРИМЕР:

Таков беше случајот со лицето ХХ кој го повтори по третпат ова дело. Киднапира две деца штитеници од Детскиот дом „11 Октомври“ и едно од нив го држеше во заложништво 23 дена. Најсвирепо се изживуваше врз детето, а одговорните од оваа институција не знаеја каде им се децата. Никој од оваа институција не понесе одговорност, а лицето ХХ за првпат во Македонија доби казна од 15 години.<

Проблем:

Нема сигурен третман за работа со педофилите додека ја излежуваат казната затвор, нема сигурен надзор и нивно следење по напуштање на затворот, не се пријавуваат во ЦСР и педофилите без медикаментозна терапија за контрола на нагонот и либидото, без надзор на ЦСР и полицијата може да го повторат делото.

 

ПРЕПОРАКА:

Со цел да се делува во раното превенирање и спречување на насилството и злоупотребата на децата, Комитетот за правата на детето при ООН ипрепорача на Владата на РМ да осигури континуитет, вклучувајќи и со одделување соодветни средства, за бесплатна 24-часовна линија за помош, и да ја признае како извор на информации и податоци за политиките и законите за правата на детето и како алатка за рано интервенирање и спречување.

Центрите за социјална работа треба да бидат поактивни на терен и да вршат увид во дисфункционалните семјаства, како навреме би детектирале и би превенирале можно насилство и злоупотреба над децата.Задоцнетото одземање на родителското право отакако родителот ќе го убие детето или ќе го силува е непродуктивна акција на ЦСР.Строг надзор и следење на семејствата во ризик и поголема мобилност на социјалните работнииц на терен може да дадат одредени резултата за превенирање на состојбите во дисфункционалните семејства. Судиите треба да досудуваат максимални казни за сторителите кои ги повредиле, оспориле или загрозиле правата на децата на било каков начин, особено кога се работи за сторители на сексуална злоупотреба на деца и педофилија.

И секако најдобар начин за справување со еден проблем е превенцијата. Затоа е потребно дополнување на воспитно-образовниот систем на Република Македонија со теми како што се: ненасилна комуникација, конструктивно справување со конфликтите, стереотипи и предрасуди. Мировното образование да стане дел од наставните програми, како и изучување на насилството како појава и можностите за негова трансформација на конструктивен ненасилен начин. Да се тренираат педагошките кадри за ненасилна разработка на конфликти и едукацијата да биде наменета за сите деца и сите наставници во сите степени на образование.

 

Право на детето на партиципација и почитување на мислењето на детето (член 12)

Постојат голем број на законски измени кои го предвидуваат правото на детето на учество. И покрај овие законски одредби во законодавството на РМ се уште не е обезбедена доследна примена на членот 12 од Конвенцијата. Како резултат на тоа детето и натаму не се третира како субјект на права туку во голема мера има улога на пасивен објект, чии права и интереси зависат од родителите, старателите или државните органи. Детската амбасада Меѓаши не само што го поддржува туку и го практикува детското учество. Така, свој извештај за состојбата со правата на децата беше подготвен и од страна на самите деца и две претставнички го презентираа истиот на посебна средба со членовите на Комитетот за правата на детето при ООН .

 

Препораки:

• Да се предвиди законска обврска детето да го каже своето мислење во постапките кога се носи одлука за негово одземање од едниот родител или кога се носи одлука кај кој родител ќе остане да живее, ако родителите не живеат заедно или ако дојде до развод на бракот.

• Во Законот за семејството да се внесе одредба дека родителите имаат обврска да ги консултираат и да ги земат предвид мислењата, ставовите и желбите на децата, зависно од нивната возраст и степен на зрелост кога носат одлуки за нив и нивните права и интереси.

• Малолетникот, зависно од неговата возраст и степен на зрелост, да може сам да иницира постапка за промена на своето име.

• Во Законот за здравствена заштита да се предвиди дека за хируршките и другите медицински интервенции врз малолетниците, освен родителите или старателите, согласност теба да даде и малолетникот, имајќи ја предвид неговата возраст и зрелост

 

Видео:

http://www.facebook.com/video/video.php?v=138365119548392

 (1 дел)

http://www.facebook.com/video/video.php?v=138370896214481

(2 дел)

 

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на денешната Педесет и петтата седница, одржа надзорна расправа на тема „Имплементација на законската регулатива од областа на правата на детето и Конвенцијата на правата на детето“.

Покрај претседателот на Комисијата, г. Илија Китаноски, присуствуваа и членовите: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Нада Станчевска, г-ѓа Дарка Петрушевска, г-ѓа Весна Бендевска, г. Никола Котевски, г-ѓа Виолета Ташева и г-ца Марија Рашковска, воедно беа поканети и потпретседателите на Собранието на Република Македонија и координаторите на пратеничките групи, пратеници од Собранието на Република Македонија и претставниците од невладиниот сектор со чија несебична подршка е реализирана денешнава надзорна расправа.

Целта на оваа надзорна расправа е надзор на имплементацијата на законската регулатива во насока на правата на детето, а од областа на здравството, образованието, трудот и социјалната политика и правда и надзор на имплементацијата на Конвенцијата на правата на детето.

Воведно излагање на седницата имаше претседателот на комисијата, г. Илија Китаноски, кој истакна дека денешната надзорна расправа предвидува испрашување на овластените претставници.</span>

Надзорната расправа беше отворена со обраќање на министерот за правда, г. Михајло Маневски, а свои излагања имаа и: министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров; министерот за труд и социјална политика, г. Џелал Бајрами; министерот за здравство, г Бујар Османи; заменикот народен правобранител, г-ѓа Невенка Крушаровска; претставникот на УНИЦЕФ,г. Шелдон Јет; претставникот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, г. Драги Змијанац; претставникот на СЕГА, г.Зоран Илиески, како и професорот Гордан Калајџиев, кои дадоа свои коментари и одговори до членовите на Комисијата.

Комисијата за труд и социјална политика и понатаму ќе ги разгледува материјалите и исказите на учесниците и остави одреден временски период во кој ќе се подготват заклучоците и истите ќе се стават на гласање на некоја од наредните седници.

http://www.sobranie.mk/?ItemID=68BB77EDF03DD64ABC16CE78D06CDAA2