Државата мора да најде решение за своите граѓани Реалност од нашето соседство среде Скопје. Неизвесна е судбината на ова бебе кое живее во страшна мизерија под ведро небо. Багерите вчера ги уништија импровизираните живеалишта на група Роми бездомници во Ново Лисиче. Општината ќе гради, но државата заборави на оваа група граѓани.
Државата мора да изнајде решение за своите граѓани. Децата не смее да се оставени на немилост и под ведро небо апелира детската амбасада Меѓаши. Социјалната поддршка е неопходна.
„Мора да постапи, да најде решение, мислам дека центрите за социјална работа треба да се на терен, да ги евидентираат овие дисфункционални семејства, да им обезбедат социјална поддршка. За да им обезбедат социјална поддршка треба да ги евидентираат во извод на матична книга на родените и ги кочат во образованието и барем еден од родителите од тие семејства да им обезбедат вработување“, изјави Драги Змијанац, Меѓаши.
По вчерашниот молк, денеска реагира министерството за труд и социјална политика. Ветуваат дека Ромите бездомници нема да ги остават на улица. Сепак инсистираат овие луѓе да ги соберат потребните документи па да бидат згрижени иако некој од нив воопшто ги нема во евиденцијата дека се родени. Љубанци или Чичино село се двете опции за сместување.
„Нашето министерство во никој случај нема да ги остави под ведро небо, значи дека ќе превенираме во овој случај како резултат на тоа да се спречи социјалниот ризик во кој се наоѓаат истите“ вели Ирена Тодоровска, министерство за труд и социјална политика.
Во декадата на Ромите, најранливите како да се заборавени. За годинава во проектот ќе се трошат пари за обуки и семинари. Се подготвува и стратегија за борба против сиромаштијата. Дал со неа конечно и бездомниците ќе најдат покрив над глава.
http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/mile-romi-04-08.wmv&VestID=126042
|
|