Почетна » Архива » 2008


НОВОГОДИШНИ РАБОТИЛНИЦИ ВО ТЦ РАМСТОР

 

Во периодот од 15 до 30 Декември, во просториите на трговскиот центар Рамстор, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, учествува со новогодишни работилници.


            Секој работен ден, во попладневните часови (15.30–19.30), се одржуваат работилници на кои се изработуваат новогодишни лампиони, новогодишни честитки и разни новогодишни оригами предмети. За време на викендите работилниците се одржуваат во периодот од 12.00 до 16.00 часот.

            На работилните можат да учествуваат сите деца кои се заинтересирани да поминат креативно исполнето слободно време. Секое дете кое учествува во работилниците, добива по еден изработен производ за себе, а со останатите предмети учествува во украсување на Рамстор.

            Покрај работилниците се наоѓа и штанд на Првата детската амбасада во светот, каде се изложени рачно изработени предмети од децата членови на амбасадата, како и од волонтери. На штандот може да се купат и новогодишни честитки, кои за оваа година, исто така, се направени од мотиви на цртежи што ги изработија децата членови на Детските работилници во Амбасадата Меѓаши.

 

http://www.ramstore.com.mk/