Почетна » Архива » 2008


ЛЕТНИ ЦИРКУСКИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА ЧЛЕНОВИ НА АМБАСАДАТА МЕЃАШИДетската амбасада Меѓаши и децата од Скопје, ова лето имаа можност да бидат дел од првите циркуски работилници што се одржуваат во Македонија.


За таа можност, најзаслужен е 24 годишниот Македонец Васил Тасевски, кој веќе три години е во Франција и студира циркуска уметност.

Неговата желба да го презентира циркусот во родната земја Македонија, по повеќемесечниот труд, се вроди со плод. Тој со уште четворица свои колеги, млади циркузанти од разни земји во Европа, на 28 Јули ги започна своите циркуски работилници, кои се одвиваа во дворот на Детската амбасада.

Според Васил, циркуските уметности претставуваат мост меѓу спортските и артистичките практики и служат како медијатор или пак богатство на прифаќање, на средба со другиот.

Иако уметноста на циркусот е речиси непостоечка во Македонија, но и на Балканот, Васил смета дека е можно да ги истуркаме културните навики, да ги насочиме младите кон една современа европска култура и да ги отвориме културните простори кои што сеуште се насочени кон покласичните форми ( театар, танц, музика ). 
 
Им благодариме од се срце на Васил, Реми, Метју, Енкатрин и Метју.

Како резулатат на петодневната работа во циркуските работилници, на 01 Август 2008 година во Првата детска амбасада во светот  Меѓаши, последниот ден се одржа  завршна претстава што ја подготвија децата членови на Амбасадата и волонтерите од Франција од Циркуската школа - Национален центар за циркуска уметност (www.cnac.fr).

Претставата се состоеше од презентација на вештини и знаења за изведба на Циркус, а се изведе во дворот на Детската амбасада.

Во текот на петте дена, децата кои што ги посетуваа работилниците  за стекнување вештини и знаења за изведба на циркус, се стекнаа со одредени вештини и истите ги прикажаа во вид на мала претстава.

рограмата вклучи пет вида циркуски техники: жонглирање, акробација, рамнотежа, игра на актерот и доверба во својот партнер-другар.

Претставата содржeше два дела на интерпретација. Во првиот дел се претставија децата кои учествуваа во циркуските работилници, а во вториот, студентите од Циркуската школа - Национален центар за циркуска уметност - Франција.