Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?
Првата детска амбасада во светот-Меѓаши продолжува со минатогодишната кампања за повеќе љубов и внимание кон децата но сега со слоганот “Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?”.
![](WBStorage/Articles/EC72739563F19C4EBAB0B091F8D987C5.jpg)
За таа цел изработени се пет мотиви за билборди, со различни ситуации на семејства: со два родители и повеќе деца, деца со еден родител или старател, ситуации на родители кои им посветуваат внимание на децата и родители кои не им посветуваат доволно внимание и не им даваат доволно љубов на децата. Со поставување на 41 билборд во градот Скопје, Амбасадата Меѓаши ќе ја пренесе пораката дека најважната потреба на децата е токму љубовта.
Оваа кампања е продолжение на кампањата “Дали денес го гушнавте вашето дете” која Детската амбасада Меѓаши ја спроведуваше на почетокот на 2007 година. Целта на двете кампањи е поттикнување на одговорно родителство. Колку почесто на децата им се покажува љубов прегрнувајќи ги, бакнувајќи ги и кажувајќи им “те сакам”, толку повеќе ќе сакаат да покажат дека ја заслужуваат. Љубовта овозможува градење на чувство на самодоверба и самопочит кај децата.
Кампањата и оваа година се спроведува во партнерство со Акцент Медиа кои бесплатно отстапија 41 локација низ Скопје на кои се поставени билбордите. Илустрациите се изработени од Смиле Цветановски, илустратор, а дел од трошоците за печатење финансиски се поддржани од страна на Центарот за ненасилна акција од Белград и Сараево.
![](WBStorage/Articles/78735C4E0DEE884B9824A0ABB05186F3.jpg)
![](WBStorage/Articles/99C1BA39C939144EAADFFA928342F5FD.jpg)
![](WBStorage/Articles/AD5B403C9AE8FD45845A49AEBDB076CE.jpg)
![](WBStorage/Articles/4641285B4B4C784BB4DA2B0953BB19C8.jpg)
|