Почетна » Архива » 2007


Тимот на Глобална Недела на Акција 2007 се сретна со Претседателот Бранко Црвенковски
По повод кампањата ПРИДРУЖЕТЕ СЕ! Право на образование СЕГА! На 25.04.2007 среда, во 13.00 часот, делегација на деца и претставници на Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ имаше средба со Претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски.

Целта на средбата беше да потсетиме дека Собранието на Република Македонија во 1993 год. ја ратификува Конвенцијата за правата на детето се обврза дека ќе ја почитува.

Во разговорот Претседателот Бранко Црвенковски ја потенцираше потребата од соработка со медиумите со цел подигнување на свеста на јавноста за намалување на бројката од 18 000 деца невклучени во образование.

Се разговараше и за прашањето, чија е одговорноста за децата кои не се вклучени во основните училишта при што како заклучок се утврди дека, таа не може да се препише само на родителите туку и на директорите на училиштата, како и на градоначалниците под чии ингеренции се основните училишта. Во текот на разговорот воден со Претседателот се обрна внимание и за улогата на градоначалниците во намалување на бројот на деца кои не се во училиште.


Исто така се потсети Претседателот дека минатата година потпиша гаранција со која се обврза дека ќе се залага за вклучување на сите деца во образованието.