Проектни и програмски донатори
Како најголем и мошне значаен извор на финансирање на Првата детска амбасада во светот Меѓаши се домашните и странски програмски и проектни донатори. Во годишниот буџет со убедливо најголем дел учествуваат донаторите на програми и проекти кои најчесто во целост ги покриваат трошоци за имплементација на активностите предвидени во апликациите. Благодарение на овие грантови Првата детска амбасада во светот Меѓаши успева да направи поголем импакт и да влијае врз создавањето на посакуваните општествени промени фокусирани кон подобрување на одредени аспекти од инетерес за децата и нивните права. Во текот на досегашната работа Детската амбасада Меѓаши има спроведено бројни проекти со цел постигнување на целите прецизирани во мисијата и визијата како и цели поставени во стратегиските планови.
Целта на Првата детска амбасада во светот Меѓаши е да обезбеди ваков тип на средства за сите сервиси и програми, да може да обезбедува средства за организациски развој и проширување и подобрување како на тековните така и за воспоставување нови активности.
Позначајни и понови грантовски поддршки на Детската амбасада Меѓаши се
- Детска фондација Песталоци
- СмартБалканс
- Германското федерално министерство за економска соработка и развој = БМЗ
- Курве Вустров
- ЗФД
- Швајцарска амбасада
- Словачка амбасада
- Град Скопје
- Цивика Мобилитас
- Аригатоу