Почетна » TOMAS - Towards UnifOrMed Legislation Against CSAM » Повици-TOMAS


ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИЈА/ЛИЦЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ МЕДИУМСКА КАМПАЊА

 I. Општи информации  

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ во рамки на проектот „TOMAS -

Towards UnifOrMed Legislation Against CSAM“ објавува повик за ангажирање медиумска/маркетинг агенција/лице со одговорност за креирање и спроведување кампања што ќе ја зголеми свесноста за важноста на онлајн безбедноста на децата и активното учество во унапредување на националното законодавство.

 

II. Краток опис на проектот  

Проектот „ТОМАЅ” има за цел приклучување во борбата против онлајн сексуалната експлоатација на деца во регионот на Западен Балкан преку координирање на напорите меѓу регионалните организации на граѓанското општество и организации од ЕУ. Проектот се спроведува во периодот од 22 месеци, почнувајќи од 01 декември 2023 година. Партнерски организации во проектот се: Centar za nestalu i zlostavljanu decu - Srbija како носител на проектот, Child Rights Center Albania и Детската амбасада Меѓаши. Проектот е финансиски поддржан од Smart Balkans.

 

 II. Цели 

Заштитата и безбедноста на децата се императив на денешнината особено во време на брзорастечко социјално влијание и употребата на интернетот. Целите на проектот се фокусирани кон зголемена свест на јавноста за важноста од активно учество на граѓанското општество во развојните иницијативи во регионот на Западен Балкан, особено на иницијативата за унапредување на националното законодавство во однос на онлајн материјали за сексуална злоупотреба на деца (Child Sexual Abuse Material - CSAM), влијанието на граѓаните врз промените како и развиени силни регионални партнерства.

 

III. Опис на работни задачи на избраното лице/компанија

  • Да изработи комуникациски план за спроведување на кампањата во времетраење од 14 месеци, во соработка со тимот на ПДАС Меѓаши.  

  • Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот доколку има потреба. 

  • Во заедничка соработка со проектниот тим од организацијата да развие концепт за медиумската кампања, насоки за развој и дефинирање на целната група. 

  • Во согласност со договорениот концепт, медиумската агенција/лице да ги обезбеди потребните ресурси, капацитети и потреби за создавање и спроведување на кампањата. 

  • Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од ПДАС Меѓаши.  

  • Да ги изработи целосниот дигитален материјал и содржини за спроведување на кампањата (вклучувајќи дизајни за објави, постери/newsletter, инспиративни/ лични приказни, кратки видеа, итн.).  

  • Да обезбеди доволен број (видео) записи за изработка на најмалку 10 објави / кратки видеа за промоција, финализирани во текот на предвидениот анганжман.

  • Да обезбеди корисничка поддршка при спроведување на комуникацискиот план.  

  • Да ги подготви дигиталниот маркетинг план и стратегијата за медиумската кампања согласно темата и договорот, во периодот од 15.08.2024 до 31.08.2024. Доколку има потреба во наведениот период материјалот да се корегира и менува согласно текот и потребите на кампањата. 

  • Да биде одговорно/одговорна за дисеминацијата на подготвениот материјал и спроведување на кампањата за промоција на проектот со целните групи до август 2025 година, преку утврдените канали на комуникација на ПДАС Меѓаши. 

  • Да изготви извештај за текот на активностите, како и постигнатите резултати од кампањата.  

  • Да спроведе платена промоција на медиумската содржина во текот на 14 месеци, рамномерно распределени за времетраењето на кампањата. Финансиките импликации за платената промоција на медиумската содржина ќе бидат дополнително покриени од Детската амбасада Меѓаши. 

 

 

IV. Критериуми за кандидатите  

Компаниите/Лицата што ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следниве критериуми: 

  1. Компанијата треба да е формирана согласно македонското законодавство и активно да работи во последните две години (за медиумски/маркетинг агенции).

  1. Претходно искуство во креирање и спроведување кампањи, предност ќе биде искуство во соработка со граѓанскиот сектор. 

  1. Финансиска понуда. 

  1. Доставен предлог концепт за медиумска кампања. 

 

V. Потребна документација за аплицирање  

При аплицирање сите заинтересирани компании треба да достават: 

  1. Краток опис на компанијата (за медиумски/маркетинг агенции); 

  1. Портфолио на дизајнирани и спроведени кампањи на социјални медиуми; 

  1. Биографија од лицето кое ќе ја спроведува кампањата, со искуство во изработка и спроведување кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа со социјални медиуми; 

  1. Предлог концепт за медиумска кампања со предложени форми на комуникација; 

  1. Тековна состојба, не постара од 6 месеци (за медиумски/маркетинг агенции); 

  1. Финансиска понуда со максимален износ од 153.250 денари, бруто износ. 

 

Целосната документација треба да биде доставена во електронска форма на македонски јазик на е-пошта: iro@childrensembassy.org.mk со предмет: Понуда за МЕДИУМСКА КАМПАЊА. Понудите треба да се достават најдоцна до 12.08.2024 година. 

Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.  

 

VI. Услови за исплата  

Меѓаши ќе ја исплати компанијата на годишно ниво за бруто износ, а ќе изврши уплата во рок од седум (7) дена по примањето и одобрувањето на комплетна документација за тековната година која опфаќа потпишан договор и одобрени продукти (опишани погоре).