Почетна


Оперативен/Оперативна директор/ка

Доколку верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност, функционален систем кој работи во интерес на граѓаните, а пред се децата, имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизивици, имате знаење и искуство со раководење и желба за нови предизвици, имате висок интегритет, одговорност и отчетност, прочитајте ги долунаведените критериуми за аплицирање за позицијата Оперативен/Оперативна директор/ка во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Задачи/одговорности:

  • Програмско, административно и материјално-финансиско работење на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
  • Раководење со оперативно/извршната канцеларија на Првата детска амбасада и обезбедување навремени и квалитетни услуги и активности за целната група.
  • Спроведување на политиките на Детската амбасада Меѓаши со цел остварување на мисијата и програмските задачи.
  • Претставување и застапување во насока на остварување на целите на организацијата, а со тоа и нејзината мисија.
  • Планирање и следење на целокупниот работен процес (активности, работни задачи, материјално логистички потреби), операционализацијата на истите и динамиката на исполнување.
  • Поддршка на оперативно/извршната канцеларија во одржување конструктивна комуникација и тимска работа, препознавање на посветеноста и потенцијалите на поединците од работниот тим на организацијата, применување мерки за мотивација и за санкционирање на членовите на оперативно/извршната канцеларија.
  • Мониторирање и грижа за спроведувањето на активностите/програмите/проектите/ на организацијата кои се организираат согласно потребите на децата и младите;
  • Обезбедување одржлив развој на организацијата и овозможување нови активности/содржини значајни за децата и младите.
  • Донесување одлуки од важност за оперативно/извршната канцеларија на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
  • Одобрување реализација на проекти, именување раководители на програми, проекти, сектори, како и надлежност за координирање и супервизија на сите програми и проекти, следење и вреднување на работата и склучување договор со донатори.
  • Се грижи за почитување на принципите, правилниците и др.акти и стандарди според кои работи Детската амбасада Меѓаши;
  • Воспоставување и одржување продуктивна комуникација со правни и физички лица;
  • Подготвување седници на Надзорен одбор
  • Одржување продуктивна комуникација со правни и физички лица од интерес на организацијата.
  • Донесување одлуки за вработување и престанок на ангажмани на вработени во оперативно/извршната канцеларија.
  • Известување на Собранието на Детската амбасада Меѓаши за преземените активности.

 

Кандидатката/кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:  

Потврдени вредности, достигнувања и познавања од областа на детските права. Напредни познавања од законската регулатива во делот на раководење со граѓански организации. Напредни познавања од националната и меѓународните регулативи за детските права.

Одлични познавања и вештини за застапување и комуникација со јавноста, медиумите. Се грижи за објективното и навремено информирање за прашања кои се од општествена важност за децата.

Докажано работно искуство во програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансирани од меѓународни донатори, финансиско раководење, менаџмент на човечки ресурси.

Подготвеност да работи максимално посветено на мисијата на Детската амбасада МЕЃАШИ. Потребно е да има лидерски вештини, професионалност и посветеност особено на детските права и маргинализирани заедници, одлични комуникациски вештини, работа под стрес и со куси временски рокови, транспарентност и тимска работа, посветеност кон организацијата и нејзините цели, отвореност, почитување и прифаќање на различностите.

Високо ниво на познавање на Microsoft Office; Искуство во сите циклуси на проектен менаџмент (програмски и финансиски);

Одлични менаџерски и организациски способности, меѓучовечки и комуникациски вештини, усни и пишани; солидни аналитички способности; градење и одржување релации; анализа на проблеми;  визионерско размислување; проактивен и отворен за нови идеи.

Потребно е да има способност да работи независно, флексибилно и кооперативно. Способност самостојно да донесува одлуки но и да работи во тим. Способност да работи со соодветна доверливост.

Ефективни организациски вештини и вештини за управување со времето. Способност за ефективно распределување по приоритет на обемот на работа со цел да се почитуваат крајните рокови и за добро работење под притисок. Подготвеност за учење и справување со ризици и преземање одговорност.

Искуство: Оптимално 7 год.работно искуство на раководни позиции во невладин сектор, одлично познавање на детските права.

Образование: минимум VII/1 степен на завршено образование. Пожелна магистратура од област на детските права или слична област

Вид на вработување:

Работниот однос ќе биде на определено време од 1 година, со можност за продолжување и пробен целосно платен период од 3 месеци, 40 часовна работна недела (100% ).

Работниот ангажман предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 56.000 денари.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат наведените услови треба да достават:

- Работна биографија,

- Писмо за мотивација,

- Три препораки од претходните работни места,

- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;

- Сертификат/и за водење проекти

- Потврда за познавање на англиски јазик.

- Копија од возачка дозвола

 

Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса  info@childrensembassy.org.mk со назнака: ,,за Оглас“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Оперативен директор“ најдоцна до 29.09.2019 година. Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикувани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.

Повеќе информации за работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши кандидатите/ките можат да најдат на веб страната: www.childrensembassy.org.mk