Почетна » За Амбасадата » Дополнет статут


дополнет СТАТУТ

на ЗДРУЖЕНИЕ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со седиште во СКОПЈЕ

Член 1 ЗДРУЖЕНИЕ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со седиште во Скопје е меѓународна, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација за грижа, заштита и унапредување на правата на децата. Здружението Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана од: Гордана Пирковска-Змијанац и Драги Змијанац во Скопје на 29.04.1992 година.

Член 2


Полниот назив на организацијата е: „Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Република Македонија, со седиште во Скопје “, а нејзиниот скратен назив е Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Во понатамошниот текст ќе се користи скратеното име односно Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Полниот назив на организацијата на англиски јазик е: “ Association First Children’s Embassy in the World Megjashi – Republic of Macedonia, based in  Skopje “ Скратен назив е First Children’s Embassy in the World Megjashi – Republic of Macedonia.
Седиштето на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е во Скопје, ул. Коста Новаковиќ 22а
Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е светско детско движење и има статус на граѓанско-правно лице и во рамките на тоа има свој печат и жиро сметка. Печатот содржи скратен назив на асоцијацијата на кирилица-македонски јазик (за домашна употреба) и латиница - англиски јазик (за надворешна употреба):
ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ -
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,  Скопје 

FIRST CHILDREN’S EMBASSY IN THE WORLD - MEGJASHI  REPUBLIC OF MACEDONIA, Skopje


Член 3


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  дејствува во согласност со Основниот акт на Првата детска земја на светот “Меѓаши“, со Статутот и Правилникот за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


Член 4


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, во Македонија и светот формира, застапува, штити и доделува статус на Детска земја на територии кои се подарени или заветени на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија за остварување на нејзините активности. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија управува со детската земја врз основа на посебен документ - Основен акт.

Член 5


Основните програмски задачи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето донесена од Организацијата на Обединетите Нации и други меѓунардони документи кои се однесуваат на заштитата на правата на детето.


Член 6


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија како невладина, непартиска и непрофитна асоцијација се занимава со хуманитарна, дипломатска, едукативна, социјална, културно-рекреативна дејност.
    МИСИЈА


Член 7


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е граѓанска асоцијација чија цел е заштита на децата и нивните права и зајакнување на движењето на Невладините организации за правата на детето во Република Македонија. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на најдобри интерси  и збогатување на животот со содржини кои детсвото го прават сигурно и творечко. Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги и поврзува децата од различни меридијани и го збогатува животот на децата со содржини кои детството го прават среќно, радосно и творечко.
                                                  
        ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ И НАЧИНОТ НА НИВНО ОСТВАРУВАЊЕ


Член 8


Генерална цел на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е: Заштита на правата на детето.

Цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се:
• заштита на правата на децата
• градење и зачувување на мирот
• заштита на децата од воени судири и други конфликти
• заштита од злоупотреба на децата за политички, економски, воени и сексуални цели, како и заштита од сите форми на злоупотреба на детскиот труд
• заштита, помош и поддршка на деца и родители во кризни ситуации и во ризични ситуации, деца со инвалидитет, деца со низок социјален статус, деца на улица, улични деца, деца без родители и др.
• подршка и зајакнување на НВОи и институции од областа на правата на детето
• афирмирање и овозможување на креативна детска личност
• давање на бесплатна правна помош во областа на заштитата на децата и нивните права
Дејности преку кои се остваруваат целите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се:
- застапување и лобирање за детските права
- следење и имплементација на Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни и национални акти кои се однесуваат на заштитата на правата на детето
- набљудување и изготвување на извештаи за состојбата со детските права
- соработка со соодветни институции и други организации од земјата и светот за заштитата на детските права
- истражување, прибирање, обработка и презентација на податоци за состојбата со детските права
- давање на основна психосоцијална помош и поддршка, психолошко советување и психотерапевтски услуги
- давање и обезбедување на бесплатна правна помош
- активности за подигнување на јавната свест за детските права
- едукативни, креативни и забавни активности за збогатување на детската личност преку неформално и формално обраование
- превентивни активности за навремено спречување на повреда на децата и нивните права
- и други активности потребни за заштита на децата и нивните права
 
                             
ОРГАНИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 9


Органи на Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши – Република Македонија се:
• Колегиумот
• Амбасадорот
• Дете амбасадор
• Вице Амбасадаор
• Извршен директор
• Извршниот колегиум
• Програмски раководител               
• Надзорен одбор


ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 10


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ја претставуваат и:
•  Почесни амбасадори, Почесни Вице Амбасадори, Почесни генерални конзули, Почесни конзули (за региони, држави и градови), Почесни вице конзули, постојани дипломатски претставници и Почесни членови на Колегиумот во земјата и странство
• Генерални конзулати, Конзулати и Конзуларни одделенија во светот
• Координатори во градовите во Македонија
• Канцеларии во светот
Колективни и поединечни членови (деца и возрасни)


Член 11


Генералниот Конзулат, Конзулатите и Конзуларните одделенија во светот и во Р. Македонија дејствуваат во согласност со Повелбата на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ, Правилникот за работа и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Сите почесни амбасадори, почесни генерални конзули и конзули, постојни претставници и почесни членови на колегиумот дејствуваат во сооднос со Повелбата, програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


ПРАВА И ОБВРСКИ НА КОЛЕГИУМОТ


Член 12


Највисок орган на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е Колегиумот составен од 11 членови.
Во Колегиумот се бираат активисти, хуманисти, истакнати научни и културни дејци, спортисти и јавни работници признати од средината со мандат од 4 години со тоа што мандатот може да се обнови во зависност од ангажманот и резултатите во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Членот на Колегиум има право да биде избран и да бира Амбасдор или Вице Амбасадор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


Член 13


Во составот на Колегиумот влегуваат  основачите.
Основачите имаат право на вето на одлуки кои ги донесува Колегиумот доколку сметаат дека истите се спротивни со мисијата, програмските задачи и цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Барање за свикување Колегиум може да поднесат и основачите.


Член 14


Колегиумот се состанува најмалку еднаш годишно.
Колегиумот го свикува Амбасадорот или во негово отсуство Вице Амбасадорот, на барање од најмалку 3 негови членови или на барање на Извршниот директор.
Колегиумот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број присутни членови.
                                                 
Член 15


Колегиумот:
- го бира и разрешува Извршниот директор
- ја следи и унапредува работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- носи финансиски и други извештаи
- ги потврдува и одобрува одлуките донесени од Извршниот директор од важност за Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- наименува членови и почесни членови на Колегиумот,
- разрешува членови или почесни членови кои не се придржуваат на Повелбата, Програмските задачи и Статутот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија или кои не се ангажираат за остварување на истите.
- носи планови за работа како и годишната/тригодишната програма за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија како и одобрува нејзини измени и дополнувања
- Номинира деца конзули во градовите на Р. Македонија
- Номинира деца амбасадори во другите дражави во состав на детскиот дипломатски кор
- се грижи за унапредување на сите форми на финасирање на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
- ги избира и разрешува членовите на Надзорниот одбор
 
Надзорен одбор


Член 16


Од активисти или јавни личности Колегиумот бира три члена кои ќе го сочинуваат надзорниот одбор со мандат од четири години. Надзорниот одбор има обврска:
- да го следи спроведувањето на Статутот и програмата на организацијата,
- се грижи за работењето и имотот на организацијата,
- го контролира начинот на работењето на органот на управување,
- ги потврдува и одобрува финасиските и други извештаи
- ги потврдува и одобрува плановите и програмата за работа
 - поднесува извештај на Колегиумот најмалку еднаш годишно за финансиското и сметководственото работење,
- ја прегледува завршната сметка и други акти на организацијата
- и врши други работи утврдени со закон и статут.

Права и обврски на Амбасадорот


Член 17

Амбасадорот раководи со Колегиумот.
За својата работа Амбасадорот е одговорен пред Колегиумот.
Амбасадорот:
-         ги свикува седниците на Колегиумот
-         ја застапува Првата детска амбасада во земјата и странство
Права и обврски на Детето амбасадор


Член 18


Раководи со детскиот дипломатски кор на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
Права и обврски на Вице Амбасадорот


Член 19


Да ги повикува и води Седниците на Колегиумот во отсуство на Амбасадорот.
Права и обврски на Извршен директор

Член 20


            Извршниот директор е законски застапник на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија со мандат од четири години.


Член 21


Извршниот директор:
- е одговорен за програмското и материјално-финансиско работење на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- е одговорен за реализација на статутарните, програмските и стратешките насоки и активности утврдени од страна на Колегиумот
- е одговорен за изнаоѓање на финансии за реализација на програмските и проектни активности
- се грижи за објективното и навремено информирање на јавноста,
- се грижи за угледот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и нејзините членови во јавноста
- одговорен е за реализација и подготовка на специјални настани кои помагаат да се унапреди самофинасирањето
- ја следи реализацијата и спроведувањето на Програмските задачи, Повелбата, Статутот и Правилникот за работа кај Конзуларните одделенија, Канцелариите, Конзулатите и Генералните Конзулати и работата на координаторите
- дава мислење до Колегиумот за утврдено непочитување и кршење на актите на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- дава предлог за одземање акредитивни писма, печати, ополномоштувања и одлуки за работа на Претставништвата и натамошно застапување на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, а на координаторите им го одзема правото на застапување во местото на работа и живеење,
- ги потпишува дипломатските пасоши,
- донесува одлуки од важност за Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- одобрува реализација на проекти
- раководи со дипломатскиот сервис
- предлага номинација за почесни членови,

                              Права и обврски на Извршен колегиум


Член 22


Извршен орган  на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е Извршниот колегиум.
Извршниот колегиум го сочинуваат: извршниот директор, програмскиот раководител, раководителите на секторите администрација, финансии и логистика и по потреба проект раководителите и проектните координатори.


Член 23


Извршниот колегиум се состанува најмалу еднаш месечно.
Состаноците на извршниот колегиум ги свикува извршниот директор или во негово отсуство програмскиот раководител.


Член 24


 Извршниот колегиум:
- е надлежен да ги спроведува одлуките на  Колегиумот и Извршниот директор.
                  Права и обврски на Програмскиот раководител


Член 25


Програмскиот раководител:
- се грижи за спроведување на Програмата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија
- ја следи работата  на стручните служби и центри во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија,

- ја подготвува програмата за работа на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија за секоја наредна година,
- ги разгледува предлог проектите и ги доставува до Извршниот директор

-  го известува Извршниот колегиумот/директор за работата на службите и центрите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија,
- ги подготвува описните годишни извештаи за Колегиумот
- предлага ангажирање или вработување на волонтери по основ договор за дело или вработување со времен карактер


Член 26


Во рамките на активностите на Првата детска амбасата во светот Меѓаши – Република Македонија се формираат стручни служби.
Со стручните служби раководат раководителите или проектни  координатори.

Структурата и начинот на ангажирање на волонтери како и работата во стручните служби се уредува со посебен правилник.


ЧЛЕНСТВО

Член 27


Член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде државјанин на Р.Македонија и странски државјанин кој ги прифаќа основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. 
Статусот на член се потврдува со врачување на дипломатски пасош или членска карта од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.


Член 28


Членството во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е почесно, колективно и индивидуално.

Член 29


Почесното членство го утврдува Колегиумот.
Статусот на почесен член се потврдува со врачување на дипломатски пасош.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија номинира почесни членови од земјата и странство за особен придонес во афирмација на идејата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и лица кои се грижат за заштита и спроведување на правата на децата во земјата каде што работат и живеат.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија именува и номинира почесни Амбасадори, почесни генерални конзули, почесни Козули за региони и држави и Вице конзули, постојани претставници и почесни членови на Колегиумот.
За сите почесни членови се води регистар со куса биографија и слика на корисникот на пасошот.
Почесното членство во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија трае 4 (четири) години со можност за реизбор и продолжување на важноста на дипломатскиот пасош.
Корисникот на дипломатскиот пасош уплаќа членарина во висина утврдена од страна на Извршниот директор.


Член 30


Колективни членови можат да бидат граѓански организации, претпријатија, заводи и други организации кои даваат посебен придонес за заштита на правата на децата, кои се грижат за нивната рекреативна, социјална, едукативна и културна активност.
Колективното членство се потврдува со врачување Одлука за колективен член.
Колективниот член уплаќа годишна членарина во висина утврдена од страна на Извршниот колегиум за тековната година.


Член 31


Индивидуален член може да биде секое дете до 18 години, со давање потпишана изјава за согласност на неговиот застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон, кое ги прифаќа и се придржува на Повелбата, Програмските задачи на Првата детска земја во светот Меѓаши и Првата детска амбасата во светот Меѓаши – Република Македонија.
Секој член потполнува пристапница за зачленување во амбасадата каде ги наведува своите афинитети за ангажман во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Членството кај децата членови се потврдува со уплата на годишна членарина утврдена од страна на Извршниот колегиум и со заверена членска карта со впишан регистерски број, слика на членската карта и печат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде и лице над 18 години доколку ги прифаќа се придржува на основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Членството кај возрасните членови се потврдува со врачување на пристапница со регистерски број и врачување на членска карта на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Децата чии родители примаат социјална помош, децата бегалци и децата без родители се ослободени од членарина.


Член 32


Членот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги има следниве права и обврски:
- да учествува во остварувањето на програмските цели и задачи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;

- да бира и да биде биран во органите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
- да се обраќа на органите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија заради заштита на своите права:
- да дава предлози и покренува и спроведува иницијативи за подобрување на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
- да биде информиран за сите прашања во врска со дејствувањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија;
- со своето однесување да придонесува за угледот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија во местото на учење, работа и живеење.


Член 33


Почесниот, колективниот или индивидуалниот член престанува да биде член на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ако постапува спротивно основните документи на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, како и  во случај кога не се ангажира во спроведувањето на основните документи, програмските задачи и определби на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Одлука за тоа донесува  Извршниот директор или Колегиумот.
При исклучување од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија дипломатскиот пасош и членската карта задолжително се враќаат.
                      


ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ – РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Член 34


Програмските задачи и активностите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија  се финансираат од сопствени извори по пат на проекти, спонзорства, донаторство, доброволни прилози на граѓани, членарина и на други начини предвидени со Закон.


Член 35


Финансирањето од сопствени извори го остварува по пат на спортски манифестации и концерти, аукции на слики, лицитација на вредни предмети, издавачка дејност, туристички активности, членарина, давање на експертиза и услуги и друго.
Финансиските средства се употребуваат за остварување на целите на организацијата утврдени со Статутот и Програмата.


     ПРЕТСТАВУВАЊЕ
 
Член 36


Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија во земјата и странство ја претставуваат: Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Извршниот директор и Програмскиот раководител.
Во одредени случаи Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да ја претставуваат и лица овластени од Амбасадорот, Вице Амбасадорот, Детето Амбасадор, Извршниот директор.
                                                  
ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ И ОТЧЕТНОСТ ВО РАБОТАТА


Член 37


Работата на Првата детска амбсада во светот Меѓаши – Република Македонија е јавна.
За сите активности што ги презема Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија јавноста ќе биде информирана преку печатените и електронските медиуми со писмени информации и соопштенија, прес  конференци, одбележување на годишнини од центрите и стручните служби кои работат во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, одбележување на годишнините на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и одбележување на позначајните светски детски манифестации во Македонија и светот.
Единствени овластени лица за информирање се: Амбасадорот, детето Амбасадор, Вице Амбасадорот, Извршниот директор кои имаат обврска за овие активности да го информираат Колегиумот. Во одредени случаи со одобрение на Извршниот директор јавноста може да ја информираат и други лица.

 Судир на интереси

Член 38


За дефинирање на поимот на судир на интереси како и за настанати ситуации кои ќе произлезат од работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, а при кои може да дојде до судир на интереси ќе се применат одредбите од позитивното законодавство на Република Македонија.

 

ДРУГИ ОДРЕДБИ

Член 39


За реализација на програмите и активностите се регрутираат волонтери кои се обучуваат и ангажираат во реализација на истите. Волонтер во Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија може да биде секое лице кое ги прифаќа основните документи на Амбасадата и кое со своето работење ќе придонесува за остварување на програмските задачи и цели на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Член 40


Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија издава дипломатски пасоши на  дипломатскиот кор на Амбасадата, како и на Амбасадорот, Вице Амбасадор,  Децата Амбасадори, Децата Конзули, Членовите на Колегиумот како и на основачите.

 ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 41


За измените и дополнувањата на Статутот како и за статусните промени одлучува Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

Член 42


Одлуката за престанок на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ја донесува Колегиумот.
Оваа одлука Колегиумот може да ја донесе во одредени случаи: ако за тоа одлучат две третини од членовите на Колегиумот, ако се намали бројот на членовите под бројот определен за оснивање и ако нема средства за одржување на тековното работење на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.
Пред укинување на работата на Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија се продава оној дел од подвижниот и неподвижниот имот во висина на долгот што Амбасадата го има, доколку го има, сторено во нејзината работа спрема доверителите, неисплатените фактури, хонорари, позајмици и слично.
Средствата што Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија ги стекнала и имотот при претсатнок на работа може да се подарат на други хуманитарни или невладини организации или поинаку како што ќе решат  со одлука Колегиумот  или основачите на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија.

 Член 43


Измените и дополнувањата на Статутот стапуваат во сила со денот на неговото донесување и верифицирање од страна на Колегиумот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.


 
м-р Драги Змијанац
                         
Извршен директор и основач