Почетна » ПРЕЦЕДЕ » ПРЕЦЕДЕ 1 » Програма ПРЕЦЕДЕ » Активноси ПРЕЦЕДЕ


Иницијална ПРЕЦЕДЕ Конференција, 28 февруари 2013 година, Скопје 

 

 

 На 28 февруари 2013 година во Клубот на новинарите во Скопје, Првата детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија одржа иницијална Конференција на ПРЕЦЕДЕ програмата Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа. Цел на оваа конференција беше да се запознае јавноста со ПРЕЦЕДЕ програмата и да се претстават активностите кои што ќе се споведуваат на регионално и национално ниво во рамките на оваа програма во следните две години. На настанот присуствуваа претставници од организациите од невладиниот сектор, претставници од УНИЦЕФ, ТАКСО, како и претставници од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија. Настанот беше исто така покриен и од страна на медиумите во Македонија. На конференцијата беа донесени заеднички заклучоци за формирање на неформална национална партнерска мрежа на организации и професионалци кои ќе го промовираат прифаќањето и почитта на различностите преку раниот детски развој и образование во Република Македонија и регионот.

  

 

 

Состанок на ПРЕЦЕДЕ Мрежата, 30 октомври 2013 година, Скопје 

 

 

 

Состанокот на ПРЕЦЕДЕ Мрежата се одржа на 30 октомври 2013 година во Скопје, во просториите на „Клубот на новинари“. На настанот присуствуваа претставници од организациите од граѓанскиот сектор, од факултетите за педагогија и филозофија, претставници од неколку градинки како и претставник од Министерството за образование и наука на Република Македонија.  

 

 

Компонента 1 и 2 – Истражување и Мониторинг

 

 

Регионален тренинг за јакнење на капацитетите во полето на истражувањето и мониторингот, 11-13 јуни 2013

 

Регионалниот тренинг за јакнење на капацитетите во полето на истражувањето и мониторингот се одржа од 11-13 јуни 2013 година во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во Скопје. Учесници на овој тренинг беа претставниците на партнерските организации во ПРЕЦЕДЕ програмата од Албанија, Србија, Хрватска, Косово, Македонија и Северна Ирска. Тренер на тренингот беше Норма Рудолф, искусен тренер и експерт во оваа област. Главната цел на овој тренинг беше запознавање и објаснување на моделот на акциско истражување и искуствата од неговата употреба во полето на раниот детски развој и образование.

 

 

  

 

 

 

Национален тренинг за истражување, мониторинг и евалуација, 22-23 ноември 2013, Скопје

 

 

 

Националниот  тренинг за истражување, мониторинг и евалуација се одржа на  22 и 23 ноември 2013 година во Скопје, во просториите на хотелот „Томче Софка“. На овој тренинг присуствуваа 23 учесници-претставници од Министерството за труд и социјална политика,  Министерството за образование и наука, професори од факултетот за педагогија, претставници од невладини организации и воспитувачи од градинките. Главна цел на овој тренинг беше учесниците да се стекнат со знаење и вештини за акциското истражување, неговите предности и слабости. Исто така цел на овој тренинг беше да им се овозможи на учесниците самостојно да спроведат сопствени, индивидуални акциони истражувања.

 

 

  

 

 

Работилница за Студија на случај за истражување, 7 Март 2014, Скопје 

 

На 7 Март 2014 година во Скопје, во просториите на хотелот „Томче Софка“ се одржа работилница за Студија на случај. На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика на РМ, претставници од невладините организации, претставници од градинките и универзитетите во Република Македонија. Работилницата ја водеше проф. д-р Лена Дамовска. На оваа работилница учесниците се запознаа со методот Студија на случај, нејзините алатки и предности, како и со новите меѓународни трендови во предучилишното образование во Европа. Исто така на оваа работилница учесниците подетално се запознаа со петте водечки принципи на Повелбата за благосостојбата на децата 2030 подготвена од Фондацијата за универзално образование и EUROCHILD, каде што Детска амбасада Меѓаши е полноправен член. Овие пет принципи на Повелбата беа разгледувани во македонскиот контекст како и нивната примена во градинките во  Македонија.

 

 

 

 

 

Работилница на тема „Акциско истражување“ 21-22 Maј 2014, Скопје.

 

Од 21 – 22 Мај 2014 година во просториите на хотелот „Викторија“ во Скопје се одржа работилница на тема „Акциско истражување“. На оваа работилница присуствуваа претставници на партнерските невладини организации, директори и воспитувачи од градинките во кои се пилотираат прирачниците. Главна цел на оваа работилница беше да се продлабочат знаењата и способностите за акциското истражување, како најзначајно и најсоодветно за употреба во раниот детски развој и образование, како и да се разменат искуства од директната примена на ова истражување во пракса. За време на работилницата учесниците ги презентираа резултатите од направените акциски истражувања на темите: „Важноста на предучилишното образование во севкупното образование на децата“ и „Влијанието на насилните содржини во цртаните филмови врз развојот на децата“. Учесниците ги елаборираа методологиите, техниките и крајните резултати од истражувањата и ги споделија своите лични искуства во врска со истражувањата.

  

 

 

 

 

 

Состанок на ПРЕЦЕДЕ Мрежата и Работилница за мониторинг, 11 Јуни 2014 година, Скопје.  

 

 

 

 

На 11 јуни 2014 година во просториите на хотелот „Викторија“ во Скопје се одржа Состанок на ПРЕЦЕДЕ мрежата и Работилница за мониторинг на Националниот акционен план за правата на децата во Република Македонија (2012-2015) со посебен осврт на Повелбата за благосостојба на децата. На овој состанок и работилница присуствуваа вкупно 35 учесници и тоа претставници од невладините организации-партнери во ПРЕЦЕДЕ мрежата, претставници од Министерството за труд и социјална политика на РМ, претставници од градинките кои се вклучени во програмата и претставници од неколку општини. Тема на овој состанок беа принципите на Повелбата за учење за благосостојбата на децата, нејзиното значење, дефиниција и корелација со состојбата со благосостојбата на децата во Македонија.

 

Компонента 3 – Лобирање и застапување

Регионален тренинг за градење на капацитетите за застапување и лобирање, 30.09-02.10.2013 година, Охрид. 

 


 

 Регионалниот  тренинг за градење на капацитетите за застапување и лобирање се одржа од 30.09-02.10.2013 година, во Охрид. Учесници на овој тренинг беа националните координатори на ПРЕЦЕДЕ програмата и директорите на партнерските организации во програмата. Тренер на овој тренинг беше Драги Змијанац, извршен директор и основач на ПДАС Меѓаши. На тренингот се говореше за застапување и лобирање, значењето на медиумите во процесот на застапување и лобирање преку пренесување на порака, улогата на јавното мислење за одредени проблеми во општеството, за користењето на социјалните мрежи како алатка за промоција, застапување и лобирање; значењето на кампањите во подигнување на јавната свест. Тренерите претставија примери на различни тактики на лобирање, иницијативи на јавно застапување и примери за начините на кои може да се користат инструментите, контактите и другите методи и техника кои може да се користат за успешно јавно застапување. На тренингот беа споделени искуствата, практиките, алатките и методологијата за застапување и лобирање на детските права од страна на Меѓаши.

 

 

 

Работилница на тема „Застапување и лобирање“,  29-30 Мај 2014, Скопје. 

 

Од 29-30 Мај 2014 година во просториите на хотелот „Викторија“ во Скопје се одржа работилница на тема „Застапување и лобирање“. На оваа работилница присуствуваа 20 учесници и претставници од Министерството за образование и наука на РМ, претставници од партнерските невладини организации, директори и воспитувачи од градинките во кои се пилотираат прирачниците. За време на работилницата беа дадени детални дефиниции за тоа што е всушност застапувањето и лобирањето и беа идентификувани главните проблеми со кои се соочува раниот детски развој и образованието во Македонија. За време на работилницата учесниците го идентификуваа недоволниот број на деца во градинките како најголем проблем во полето на раниот детски развој и образование во Македонија. Со цел да се застапува и лобира за решавање на горенаведениот проблем, учесниците ги идентификуваа целните групи и креираа неколку пораки што би требало да бидат употребени во процесот на застапување и лобирање за решавање на проблемот со недоволен број на деца во градинките, особено во руралните подрачја.

 

 

 

  

Состанок на ПРЕЦЕДЕ мрежата и Рaбoтилницa зa зaстaпувaње и лoбирaње, 14 ноември 2014 година

На 14 нoември 2014 во просториите на Стoпaнскa кoмoрa нa Мaкедoнијa се одржа состанок на ПРЕЦЕДЕ мрежата и Рaбoтилницa зa зaстaпувaње и лoбирaње. На работилницата присуствуваа 20 учесници претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, од медиумите, воспитувачи и директори на детските градинки кои се вклучени во програмата.  На оваа работилница акцентот беше ставен на идентификувањето на клучните страни во процесот на застапување и лобирање, начиниот на кој се развива и се пренесува клучната порака како и воспоставување и одржување на односите и релациите со медиумите.

 

 

 

 

 

 

 

 

  

Средба на работната група за програмските прирачници за прирачникот Почитување на различностите, 4-5 Април 2014, Скопје

 

 

 

 

 


 

 Средбата на четвртата работна група за прирачникот Почитување на различностите се одржа од 4-5 Април 2014 година во Скопје, во просториите на хотелот „Викторија“, водена од проф. д-р Зора Јачова и проф. д-р Лена Дамовска.  Тема на оваа средба беше прирачникот Почитување на различностите, како водич за промена на ставовите и пристапот во инклузијата на теми поврзани со различностите во секојдневните активности на децата во предучилишното образование. Главната цел на средбата беше да се продлабочат знаењата, вештините и компетенциите за почитување на различностите, нивна позитивна промоција во дневните активности на децата и родителите. Уште една цел беше продлабочување на знаењата и разбирањето на различностите со кои се соочуваме во македонското општество и начинот на кој овие различности се препознаваат и толкуваат.

 

 

  

 

 

Посета на градинките вклучени во пилотирањето на Прирачниците 

 

 

 Во текот на спроведувањето на ПРЕЦЕДЕ, тимот на ПРЕЦЕДЕ ги посети градинките во Македонија кои учествуваат во пилотирањето на Прирачниците неколку пати. За време на тие посети се одржаа состаноци со директорите на градинките на кои се потпишаа меморандуми за соработка и на кои се дискутираа следните активности и очекуваните резултати од пилотирањето на прирачниците. Исто така за време на посетите беа направени интервјуа со децата и воспитувачите во врска со програмата и со пилотирањето на прирачниците.

 

 

 

 

 

Можности за промоција на прирачниците со акцент на Меѓународен прирачник за работа со деца од конфликтни и пост-конфликтни средини, 10 Мај 2014 година, Скопје

 


 

 На 10 Мај 2014 година во просториите на хотел „Викторија“ во Скопје беа дискутирани и разгледувани можностите за понатамошна промоција на потребата од вклучување на програми за различностите со акцент на Меѓународен прирачник за работа со деца од конфликтни и пост-конфликтни средини. Средбата се спроведе под водство на проф. д-р Лена Дамовска и Љиљана Васиќ – директор на Помоч деци. Присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, директори и воспитувачи од градинките во кои се пилотираат прирачниците.

 

Компонента 5 – Квалитет во НВОи и ИСО 9001 сертификат

Сертификат за менаџмент на квалитет ИСО 9001:2008

Првата детска амбасада во светот Меѓаши во месец јули 2014 година се стекна со сертификат за менаџмент на квалитет ИСО 9001:2008, издаден од JUQS и IQNet. Обемот на сертификација се однесува на: Застапување и заштитување на правата на децата преку промовирање квалитетна грижа за децата, квалитетно образование за децата, залагање за одговорно родителство и почит кон детската личност без оглед на верска, етничка или било каква друга припадност; преку промовирање мировен активизам, негување на различностите и залагање за еднакви можности за сите со помош на СОС телефон за деца и млади, бесплатна правна помош и други активности во најдобар интерес на детето.

Важноста на сертификатот е со времетраење од 23.07.2014 до 22.07.2017 година.

 

Тренинг за менаџмент на квалитет во граѓанските организации– ИСО 9001, 19 до 21 ноември 2014

Тренинг зa систем зa упрaвувaње сo квaлитет ИСO 9001:2008 нaменет зa грaѓaнските oргaнизaции вo Мaкедoнијa се одржа од 19 до 21 ноември 2014 година во хотел „Молика“ во Битола. Темата на тренингот беше посветена на системите за менаџмент на квалитет во граѓанските организации, со посебен осврт на ИСО 9001:2008, меѓународен стандард за менаџмент на квалитет. Во текот на тренингот претставниците на Детска амбасада Меѓаши ги споделија своите искуства во делот на подготовката на организацијата за стекнување со сертификатот за ИСО 9001 и постапката за добивање на истиот. Целта на тренингот беше освен да се запознаат учесниците со ИСО 9001 и да се дискутира за важноста од системите за менаџменет на квалитет за граѓанските организации.

 

 

 

 

 

Тренинг за ИСО 9001, 23 до 25 декември 2014

Од 23 до 25 декември 2014 се одржа тренинг за ИСО 9001. Тренингот беше посветен на концептот на ИСО 9001, барањата на овој стандард и потребните приспособувања кои треба да бидат направени во една организација согласно побарувањата на овој стандард. Исто така беше претставен и начинот на вантрешна евалуација, процесот на подготовка за ИСО и процесот на аплицирање и добивање на истиот. Агендата првите два дена беше повеќе посветена на теоретските аспекти на ИСО 9001 додека третиот ден беше посветен на разгледување и анализирање на конкретните документи на Детската амбасада Меѓаши која се стекна со овој сертификат во јули 2014 година.

 

 

 

 

 

Промоција на ПРЕЦЕДЕ програмата во медиумите и на социјалните мрежи

Facebook профил на ПРЕЦЕДЕ Македонија

Отворен е Facebook профил на ПРЕЦЕДЕ Македонија и истиот се дополнува редовно со информации за спроведени активности и организирани настани во рамките на програмата.    

https://www.facebook.com/PrecedeMacedonia

 

Прилог за воведната Конференција за промоција на новата програма Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ја одржа воведната Конференција за промоција на новата програма Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа. Конференцијата имаше цел да даде преглед за сѐ она што ќе се случува во рамките на програмата во наредните две години, како на национално така и на регионални ниво. На настанот, присуствуваа претставници од сродните граѓанските организации како и претставници од државните институции.

 

 

Повеќе информации се достапни на: https://www.youtube.com/watch?v=ropnpd5xfM4

 

Гостување на тема ПРЕЦЕДЕ

На 24ти Април 2014 година на Македонската телевизија гостуваше Јана Зенговска која говореше општо за значењето на ПРЕЦЕДЕ со посебен осврт на содржината на двата прирачника кои се пилотираат во осум градинки во Република Македонија.  Достапно на:

https://www.youtube.com/watch?v=31jqxbCyqY4

 

 

 

Документарен филм „Моќта на раниот детски развој во градењето на мирот во Европа“

На 6ти Октомври 2014 година, на првата програма на МТВ (Македонската телевизија) беше емитувана документарна емисија за регионалната конференција на програмата Партнерство за помирување прек ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ). Конференцијата се одржа во Белград од 20-21 септември на тема „Моќта на раниот детски развој во градењето на мирот во Европа“, а домаќин на конференцијата беше организацијата Помоч Деци од Белград. Македонската делегација беше предводена од Првата детска амбасада во светот Меѓаши која е една од партнерските организации во ПРЕЦЕДЕ програмата. Соговорници во прилогот се едни од излагачите на конференцијата:

  • Драги Змијанац, Извршен директор и основач, Детска амбасада Меѓаши, Македонија
  • Љиљана Васиќ, Директор, Помоч деци, Србија
  • Алда Кондакчиу, Национален проектен координатор, Партнери за децата, Албанија
  • Шифон Фицпатрик, Извршен директор, Рани години, Северна Ирска
  • Елеонор Меарнс, Програмски консултант, Рани Години, Северна Ирска

 

 

Документарниот филм е достапен на: https://www.youtube.com/watch?v=tggewAQnpEM

 

Гостување на тема „Моќта на раниот детски развој во градењето на мирот во Европа“

На 7ми Октомври 2014 година на ТВ АЛСАТ М гостуваа Ајрие Дачи – директорка на градинката „Брешиа“ од Дебар и Катерина Конеска – раководител на програми во Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. За време на гостувањето говореа за целта на ПРЕЦЕДЕ, за активностите кои се спроведуваат како и за важноста на самата програма.

Достапно на: https://www.youtube.com/watch?v=sG14r7CIyAY  

 

 

Проектот е финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.