ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПОПРАВКИ


Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi во рамките на проектот “Општини посветени на децата – Место за растење” поддржан од Европската Унија, објавува повик за ангажирање лице за одржување и поправки на позиција: Технички – оперативен извршител/ка.

Детската амбасада Меѓаши бара луѓе со мотивација, енергија, креативност и подготвеност да ги прифатат нашите вредности: посветеност кон мисијата за поддршка и заштита на децата, градење на мирот, одговорност, личен интегритет, емпатија.

Мисија:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата , поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негува раличностите и еднаквите можности за сите.

Визија на Детската амбасада МЕЃАШИ: ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Назив на работното место:

Технички – оперативен извршител/ка



ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

АЛОБУШАВКО - ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

Прва детска амбасада во светот Меѓаши

(јануари - јуни 2024)

Воведни забелешки

Работата на АлоБушавко - телефонот за деца и млади е цврсто заснована на принципите на Конвенцијата на ООН за правата на детето, особено правата на децата на приватност и заштита од повреда. Целта на АлоБушавко е да обезбеди поддршка на децата кои имаат потреба од: разговор, форум за споделување информации, прашања и поддршка, поддршка при застапување, лобирање и промовирање на правата на детето. АлоБушавко и овој шестмесечен период од 2024 година, продолжи да функционира преку дежурства, односно беше достапен 24 часа, 7 дена во неделата благодарение на АлоБушавко тимот (Клементина Добревска - психолог и координаторка на АлоБушавко, Маријана Марковиќ - супервизорка на работата на телефонот, Гордана П. Змијанац - в.д оперативна директорка на Меѓаши) како и групата волонтер(к)и (Марија, Даниел, Стефани,Мимоза, Мартина, Весна, Јована, Евдокија, Ангела, Мила, Александра..) кои несебично го вложија и го вложуваат своето време и знаење. Со поддршка од Детската фондација Песталоци во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржана е работата на линијата преку ангажман на 2 операторки. Работата на АлоБушавко тимот на Детската амбасада МЕЃАШИ, како и сите години наназад беше менторирана од Гордана Пирковска Змијанац, основачка и актуелна в.д. оперативна директорка на ПДАС Меѓаши.



Годишен извештај за работата на АлоБушавко 070390632 – телефон за деца имлади 2023

2023 гoдина беше значајна година за тимот на Меѓаши. Ало Бушавко 070390632- телефонот за деца и млади го одбележа своето 30 годишно поддржување,насочување и лобирање за децата и младите во Македонија. И покрај тоа штобројот на деца кои нè контактирале не е голем, сепак споредено со минатитетри години се забележува поголем број деца и млади кои директно нѐконтактираат. Тимот на Ало Бушавко и понатаму продолжува со напорите иактивностите за охрабрување на децата и младите да се јават, за да сеинформираат или за да пријават прекршување на нивните права.Продолживме со пренасочување на повиците и притоа не направивме никаковпрекин во давањето на нашите услуги и 24/7 достапност.

За жал, 2023 година ја обележаа немили настани во Македонија и регионот,вклучително и трагичниот случај на изгубен живот на млада личност.Размерот во кој овие настани резонираа и ефектите што ги предизвика пред семеѓу децата и младите за жал ниту стручната јавност ниту пак надлежнитеструктури не успеаа да ги аморитизираат, и покрај напорите сепак не сеиспитаа условите во нашиот образовен систем, можните чинители за појава наслични случки за да може да се направат стратегии за превенција. Сето овапридонесува кон креирање голем број стресори за менталното здравје изголемување на ранливоста на сите, но особено на децата и младите.

Токму затоа во таков општествен контекст, на прво место на проблеми илипричини заради кои се јавиле дојавувачите на Ало Бушавко, во изминататагодина се последици врз нарушено ментално здравје на децата, дури 35% одвкупните дојави, или инаку гледано секое трето дете има нарушено менталноздравје. Меѓу причините за ваквата состојба дополнително придонесуваат инарушените родителски односи, проблем кој следствено продолжува дакотира помеѓу првите три места во категоријата проблеми години наназад.

PDF...



В О Д И Ч

УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

Секое дете има право да живее без насилство, експлоатација и злоупотреба. Затоа и во нашата држава во прв план е заштитата на децата која е гарантирана со Конвенцијата за правата на детето, која ги обврзува државите потписнички да ги преземат сите соодветни законoдaвни, административни, социјални и образовни мерки за заштита на децата од сите форми на насилство. Детската добросостојба и нивната безбедност се од најголема важност за сите, односно за родителите, училиштето, заедницата. Сепак, сè уште имаме ранливи деца, деца кои доживеале трауми и имаат негативни детски искуства заради доживеана одредена форма на насилство. Современото семејството доживува длабоки промени во својата структура, функционирање и динамика, се соочува со кризи на повеќе нивоа како што се сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост, разводи. Но, и покрај сè, децата сè уште се исти и бараат многу љубов, грижа и внимание од родителите.

Во светот во кој растат децата, покрај семејството, и училиштето треба да биде безбедно и поддржувачко место каде секое дете може да се развива и учи во стимулативно и безбедно опкружување. Но, за жал, реалноста ја става заедницата пред предизвикот поврзан со превенција и справување со насилство во училиштата.

Децата поминуваат по 6 до 8 часа дневно во училиште или над 200 ‒ 250 денови во годината. Времето поминато на училиште е долго, а учењето и животното искуство кое се стекнува на училиште е едно од највредните.

PDF...



За амбасадата

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е основана на 29 април 1992 година во Скопје, и е прва регистрирана граѓанска организација за заштита на правата на детето во Република Македонија, со визија за Поправеден свет за секое дете!

Како една од малкуте организации со голема доверба меѓу граѓаните денес, МЕЃАШИ е синоним за правата и добробитта на децата. Со години, таа е една од организациите што граѓаните најмногу ја препознаваат, но и посветен партнер на бројни граѓански организации и иницијативи, мрежи, јавни институции, медиуми и компании од земјава и од странство.

Меѓаши е претпознатлива по големиот број активности, организација која е гласна за најгорливите општествени прашања кои ги засегаат децата.

Партиски независна, со јасен увид во општествените проблеми и потреби благодарение на своите сервиси и конституенти секогаш е спремна да одговори на сите поголеми предизвици без разлика на моментното проектно портфолио.

PDF...



Стратегија за унапредување на правата на децата на подрачјето на Град Скопје

2023-2027


1. ВОВЕД 

Правата на децата подразбираат многу аспекти вклучувајќи право на семејство и родители, идентитет, физичка заштита, образование, здравствена заштита, заштита на граѓанските права на детето, слобода од дискриминација врз основа на раса, пол, сексуална ориентација на детето, национално потекло, религија, инвалидитет, боја, етничка припадност или други карактеристики, како и низа други права. Градот Скопје сериозно им приоѓа на проблемите поврзани со правата на децата и е решен да ја овозможува и поддржува примената на Конвенцијата за детски права на своето подрачје.

Имајќи предвид дека Националниот план за акција за правата на децата (НПАПД) кој беше донесен во 2005 и ревидиран во 2012 година истече во 2015 година, при што нов акциски план не е изготвен, Градот Скопје смета дека треба да биде адресирано ова прашање и се заложи да го спроведе проектот „Стратегија и Акциски план за унапредување на правата на децата и Акциски план за поддршка на деца на улица/улични деца во Град Скопје“. Намерата беше овој проект да придонесе кон унапредување на правата на децата во Градот Скопје. Целта на проектот беше да се обезбеди поддршка на Градот Скопје во развој на стратегија и механизми со кои во следните пет години ќе се овозможи поцелосна имплементација и промоција на Конвенцијата за правата на детето и ќе се применуваат стандардите на Конвенцијата, со посебен осврт кон стратешко решавање на горливиот проблем на градот - децата на улица.

повеќе...




Политика за заштита на децата

 

PDF...

 

Прилози кон политиката за заштита на децата

PDF...



ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ 30 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022 – 30  ГОДИНИ БОРБА ЗА ПОПРАВЕДЕН СВЕТ ЗА ДЕЦАТА 1992-2022 (кратка верзија)



Детска амбасада МЕЃАШИ

30 години

„Сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете!“ - Достоевски

Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ, кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. Децата се само деца

(цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот)

PDF - 10.423 KB

 




 

АлоБушавко нова веб страна на СОС телфонот за деца и млади

 

Ало Бушавко, новата комуникациска платформа на СОС телефонот за деца и млади, има за цел да понуди нов комуникациски канал за децата и младите – писмена комуникација во живо: чет или преку електронска пошта. Разбирајќи дека не секој сака веднаш да стапи во комуникација Ало Бушавко ќе нуди и поинаква комуникациска поддршка – содржини на различни теми од интерес за децата, младите но и возрасните во кои ќе бидат понудени објаснувања на некоја појава, проблем, причините зошто се појавуваат како и совети и насоки што би можело да се стори.

Платформата сеуште ја уредуваме, но ќе ни значи многу доколку најдете време, ја посетите, разгледате и ќе ни дадете ваши забелешки, предлози и мислење како ви се чини. Особено ќе ни значи мислењето од децата и младите! Посетете не

Ало Бушавко: Твој пријател кога имаш проблем (alobushavko.mk)


 
 


Извештај за состојбата на правата на децата во РМ

Извештајот за состојбата на правата на децата во Република Македонија е подготвен од страна на Македонската национална коалиција на НВОи за правата на децата (неформална коалиција) која ја сочинуваат 14 граѓански здруженија и една коалиција на граѓански здруженија.

повеќе...

Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 42 (Декември 2011 - Мај 2012) можете да ги прочитате следните содржини:
1. 20 Години Прва детска амбасада во светот - Меѓаши 2. Педофилија 3. Семејно насилство 4. Деца на улица 5. Насилство меѓу младите 6. Мировно образование 7. Трговија со деца 8. СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222 9. Од дом на свое 10. Политичка злоупотреба на деца 11. Мониторинг, застапување и лобирање 12. Одржливост и промоција

повеќе...

ИНТЕРВЈУ СО ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ, ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПРВАТА ДЕТСКАТА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ
Доживотен затвор и хемиска кастрација за педофилите! ВЕЧЕР вторник, 22 мај 2012 Бр. 14996 НОВИНАРИ Стефан Рашковски и Огнен Чанчаревиќ Драги Змијанац е на чело на Детската амбасада Меѓашии веќе неколку години и на себе го има преземено товарот да се бори за правата и заштитата на децата во Македонија. Со својот тим и скромните ресурси и законски алатки кои ги има на располагање успеа да ја смени свеста на јавноста во државата и да ги убеди и едуцира децата дека имаат свои права и дека секогаш има кој да ги заштити

повеќе...

Прес конференција по повод Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија
Денес, Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето (неформална коалиција) , координирана од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши (ул.„Коста Новаковиќ“ 22а, Скопје) се организира прес конференција со цел да го презентира Извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од група на невладини организации кој се однесува на периодот од јуни 2010 до декември 2011 година.

повеќе...

Високите казни не можат да ги запрат педофилите
Скопје, 9 мај - Деновиве треба да профункционира регистар за педофили, кој треба на интернет да ги прикаже осудените педофили од Македонија. Министерството за труд и социјална политика подготви листа од седумдесетина педофили, кои граѓаните ќе можат да ги видат преку интернет, преку страницата: www.stop-pedofilija.org.mk. Таму ќе бидат објавени фотографии, имиња и презимиња на осудените педофили. На страницата , можат да се најдат поуки, совети и насоки за жртвите И за нивните родители.

повеќе...

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ - 20 ГОДИНИ РАСТЕШЕ СО ДЕЦАТА
Децата нe препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и да ги застапуваме. Проговоривме јавно за многу проблеми со кои тие се соочуваат и ја издигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитувањето на правата на детето На прославата беше презентиран документарниот филм „20 години прва детска амбасада во светот – Меѓаши“

повеќе...